Утре измијте го лицето со овој чај – брчките, дамките и малите неправилности ќе исчезнат

0

Брчките на лицето се појава на лицето која е неминовност за сите нас. Со текот на годините кожата ја губи својата еластичност и затегнатост, а сите тра-уми физички и психички остануваат запишани на нашето лице.




За среќа, случајно е откриено дејството на еден чај кој вообичаено се користи за стомачни проблеми, особено при појава на гасови, а има и други намени во кујната.

По сосем случајна грешка, една жена го искористила чајот за да го измие своето лице, а потоа била изненадена од позитивните ефекти на истиот. Го споделина со своите пријатели и оттогаш сите што го пробале се задоволни и продолжуваат да го споделуваат рецептот.




Имено, овој зачин ја намалува видливоста на избраздените линии и брчки и привремено го паузира процесот на стареење. Во поголемиот број случаи успева да ги избрише брчките за помалку од една седмица.

Станува збор за феноменалниот анасон, а рецептот многу едноставно се приготвува.




Потребни состојки: 1 шолја вода, 1 грст семе од анасон, 1 помало тенџере

Постапка: ставете ја водата да зоврие, која најдобро е да биде дестилирана или филтрирана. Потоа додајте го семето од анансон, поклопете и тргнете го тенџерето на страна. Оставете го да излади. Процедете го чајот и складирајте го во соодветно стаклено шишенце или друг соодветен сад.




Употреба: измијте го лицето вообичаено кога ќе станете од спиење. Потоа натопете памук со чајот и убаво, неколку пати вт-ријте го во лицето со тапкање. Особено внимание обратете кај брчките и темните дамки. Повторете ја постапката неколку пати: кога ќе забележите дека кожата го впила чајот и се засушила, нанесете нов слој.




Почекајте убаво да се впие и исуши, па дури потоа нанесете од хранливиот крем или маслото кое вообичаено си го користите за нега и исхрана на кожата.

Чајот од анасон ви требало да ви помогне да се ослободите од брчките на лицето, како што им помогнал и на голем број други луѓе. Ова е наједноставниот и најевтиниот начин за ослободување од брчките на сосем природен начин.




Добив брчки на 33 години и тогаш баба ми мѝ даде рецепт со кој лицето ми се трансформираше

II РЕЦЕПТ – Многу млада добив брчки: Кога ме виде баба ми, ми даде рецепт кој ми го промени животот, делува инстант. Бев многу млада кога започнаа да ми се појавуваат брчки, имав неполни 33 години. Во тоа време си мислев дека вечно ќе изгледам младо.




Кога почнаа да ми се појавуваат брчките на челото и околу очите, бев многу разочарана. Мајка ми и баба ми имаат убава затегната кожа, што значи дека не е до генот, туку до мене. Многу слабо пиев вода и не водев сметка околу здравата исхрана.

А потоа еден ден и се пожалив на баба ми и таа ми откри еден неверојатен трик кој ми го промени животот. Ми даде волја целосно да го сменам погледот и третирањето на своето тело. Баба ми мѝ откри рецепт за маска за лицето, но ми напомена дека убавината освен надворешно, мора да се негува и внатрешно.




Оттогаш започнав да пијам повеќе вода, чаеви и свежо цедени сокови, како и да внимавам на исхраната. Навистина вредеше ова просветлување. Сега имам 45 години, а сè уште изгледам како да имам мах 30 години. Еве го рецептот на баба ми. Оваа маска е идеална за кожата, ја храни, ја чисти и ја прави поубава.




Состојките од кои се состои се потполно природни и немаат штетни дејства. Потребни состојки: 1 белка од јајце, 1 лажичка сок од лимон I ½ лажичка мед. Постапка: Изматете ја белката додека да запени, а потоа додадете ги останатите состојки и уште еднаш добро промешајте за да се изедначат.

Напомена: За не ми се расипе лимонот, не го сечам, туку го продупчувам, правам една мала дупка од која си цедам сок колку што сакам. Потоа лимонот го завиткувам во проѕирна фолија или кесичка и го чувам во фрижидер. Вака останува свеж уште неколку дена.




Инаку, оригиналниот рецепт содржи сок од цел лимон и 4 белки од јајца, но тоа за мене е голема количина. Секогаш си правам свежа маска пред секоја употреба. Употреба: Маската е најдобро да се применува после бањање, кога лицето е чисто, а порите се отворени.

Во регуларен ден, само измијте го лицето со топла вода или ставете топол влажен пешкир околу 5-6 минути врз лицето, за да ви се отворат порите. Потоа нанесете ја маската на лицето и оставете да делува околу 15-20 минути. Потоа исплакнете.

Оригиналниот рецепт е со 4 белки и сок од 1 лимон, но јас ја намалив дозата за единечна употреба. Доколку правите поголема доза, смесата чувајте ја во стаклен сад во фрижидер, 2-3 дена.




III РЕЦЕПТ – Лицето буквално ми се трансформираше: На сите им го кажувам рецептот со кој ми се испеглаа брчките за неколку дена.

Отсекогаш за лицето си приготвувам домашни креми, а оние купечките со безброј отрови во нив ги одбегнувам колку што можам повеќе. Бидејќи по одреден период, кожата на лицето се заситува и веќе не реагира на истиот крем како на почетокот, затоа е потребно повремено да се менуваат состојките на кремот што се користи.

Па така, се сетив на еден крем од 4 состојки, кој одамна го немав приготвено, но овојпат изменив една состојка.

Имено, наместо маслиново или бадемово масло, ставив арганово масло, според искуствата на бројни жени – едно од најдобрите масла со подмладувачки ефект. Откако почнав да го користам, за само неколку денови забележав огромна разлика во текстурата на кожата.

Таа како да се испегла и затегна, а дури и малку се осветли тенот. За сите кои сакате да се обидете со природен, домашен крем, овој рецепт срдечно ви го препорачувам. Овој домашен крем е идеално средство за нега на кожата: хидрира, го изедначува тенот, ги намалува видливите брчки и го успорува процесот на стереење на кожата.

Им одговара на сите типови на кожа. Видливи резултати има за само седум дена. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 супена лажица арганово масло, 1 жолчка, 1 чајна лажица мед, 2 чајни лажици вазелин.

ПОСТАПКА: Вазелинот растопете го на водена пареа. Ќе ви бидат потребни неколку минути. Тргнете од оган и додадете ги останатите состојки: мед, жолчка и масло.

Претходно жолчката убаво изматете ја со медот и маслото, па кога ќе ја додавате во млакиот вазелин, внимавајте да не ви се свари и да не ви се направат грутки. Сите состојки добро промешајте ги.

Мешајте неколку минути, додека да добиете хомогена смеса. Добиениот крем складирајте го во кутивче од 50 мл. Со лесни движења се нанесува на чиста кожа. После 30 минути се отстранува вишокот со помош на памукче натопено во минерална вода или со влажно марамче за лице.

Напомена: кремот се впива во кожата подолго од еден час, така што треба да го нанесувате на лице барем два часа пред спиење. Кремот се чува во фрижидер. Кога ќе се потроши, направете уште една доза. Бидејќи сите состојки се природни, не правете дупла доза веднаш, за да не ви се расипе.

Извор: НМД.мк

Претходна статијаСе опушти Даниела Темелковска, го покажа деколтето – еве зошто кафеаните се полни кога таа пее (ФОТО)
Следна статијаЕве што ѝ порача Ребека на својата внука Кјара која стана инфлуенсерка во Нов Зеланд (ФОТО