Ирена Спировска го започнува својот ТВ ангажман пред многу години, кога сосема случајно во едно кафуле ја забележал ТВ режисерот Миле Гроздановски од тогашната ТВ Скопје. Во тој период, режисерот бил во потрага по нови лица, a бил сигурен дека го нашол вистинското.
Речиси 30 години подоцна, Ирена Спировска е синоним за успешна и богата телевизиска кариера. Таа пред пандемијата беше најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани.
На Тв екраните, веќе речиси 15 години години ја гледаме на Алфа телевизија, а сега во моментов ја води емисијата Везилка, заедно со Благоја Грујовски и со Адријана Алачки.
Инаку, таа е мајка на Зорица која има веќе 22 години, а нејзин животен партенр е Душко Исајловски, со кого ја дели страста за планинарењето и за другите екс тремни спортови.
Ирена раскажа за своите почетоци дека по двомесечната обука која ја имале во МТВ ,таа започнала да работи на најава на програмата. Талентот за водење, во неа први го препознале Александар Сидоровски и сега веќе упкоениот Диме Костовски од третиот канал на МТВ.
Во тоа време овој канал нудел забавна програма која била многу популарна и гледана, а тие двајцата постојано мобилизираа нови млади луѓе да работат во Канал 3.
Ирена така добила шанса и задача и ѝ се насмевнала среќата да направи авторска емисија. Одлучивме емисијата да биде музичка и да биде посветена на забавните и народните македонски евергрини.
Во тоа време тие користеле црно-бели снимки од архивата на МТВ, а доајените на македонската музичка сцена им раскажувале во живо во емисијата за себеси и за нивната работа.
Ирена вели дека уште тогаш ја засакаала многу македонската музика од постаро време, па била пресреќна кога многу години подоцна во Алфа ТВ го направиле ТВ проектот „Еден бакнеж“, посветен на македонските евергрини.
Ирена во Женски маагзин зборуваше за тоа како ја доржува формата и линијата, и вели дека тоа е пред сѐ благодарение на Господ и на добриот ген, а потоа и на умереноста и на дисциплината. Таа не пуши цигари, алкохол консу мира многу умерено, не јаде месо, сака здрава храна и природна козметика.
Инаку, поради недостиг на време, Ирена открива дека не вежба дополнително ништо, но затоа планинарењето ѝ помага во одржување линијата и кондицијата, а еден од врвовите кој го има искечено е Триглав.
Ирена вели дека планините ги сака уште од дете, можеби затоа што сум таа епоранешен извидник. Планината секогаш ја релаксира и ја инспирира, а во исто време ја челичи и ја зајакнува. Спировска, освен планинарањето, ги сака надворешните спортови како скијањето, параглајдингот…
Таа е исто така активен член на здружението „Борка“, и редовно оди на традиционалниот Розов марш, но за тоа всушност има и лична причина. Ирена откри дека кога имала 10 години, нејзината мајка засекогаш си заминала од овој свет од кан цер.
Ирена изјави дека знае како изгледа кога некој се бори со оваа боле ст и што значи тоа за селото семејство и сочувствува со сите оние кои водат борба со неа. Оваа семејна приказна ѝ има помогнато да Ирена да се изгради во храбра, борбена и упорна личност.