Животот ми висеше на конец: Борче „Донирај компјутер“ откри како едвај се спасил и останал жив

0

Целата држава веќе го знае Борче Стаменов од Кавадарци или познат како Борче- Донирај компјутер. Борче со помош на донации од добри луѓе и од фирмми, поправа стари компјутери, ги склопува и им ги донира на социјално загроените семејства.




Бројлата до која стаса со сонации е 1101, што е објавено на неговата Фејсбук страница. „Пакетчето со број 1101 заминува денес во Ерџелија. Мои сограѓани се солидаризираа и спремивме пет кутии со мноооогу работи внатре“, објави тој на Фејсбук.




А приказната за Стојче Јакимов од село Ерџелија, Свети Николе ја објави емисијата „Срце на Дланка“. Тој има 37 години. Имал скромно детство, но бил среќен затоа што имал храна и сигурен дом. Се оженил со Татјана пред 15 години.

Потоа им се родиле три прекрасни дечиња Бојана, Давид и Викторија. Стојче, никогаш не верувал дека ќе се најде во многу тешка ситуација.




Да нема услови да ги прехранува сопствените деца и да се плаши да не му се урне куќата и да убие некого. Вака, Стојче низ солзи почна да го раскажува својот тежок живот во емисијата „Срце на дланка“.




Пред два дена, Борче реши да да се вклучи во оваа акција, и да донира повеќе за ова семејство, за што ги повика пријателите на Фејбук да бидат хумани, и тие да се вкучат со донации за ова семејство, за децата и нивниот татко да имаат мирен и простоен живот.




-За овде спремаме малку поголем пакет со компјутер, облека за цело семејство, ранци за на училиште и уште некои други работи. Ако има некој да сака да се вклучи со училишен прибор истите може да ги донесе до утре кога и ќе ги праќаме пакетите. Исто парични средства може да донирате на сметката: Татјана Јакимова – 210501676694325 Телефон: 075/650 873




Благодарам!, напиша Борче, и ја оствари своја мисија. Инаку и во Бразил има сличка приказна со дете кое дома немало интернет и уред за да може да си ги пишува домашните задачи. Приказната за „бразилскиот Борче“ е објавена на Фејсбук страницата на пријател на Стаменов и вели:




-Ова 10-годишно момче од Бразил ја посетувало оваа продавница во трговскиот центар речиси секој ден после училиште. Секој пат одел до еден таблет и гледајќи во него, пишувал нешто во тетратката и си заминувал. По некое време, сопственикот на продавницата одлучил да види зошто детето е толку заинтересирано за овој таблет и што запишува.




Се испоставило дека тоа едноставно доаѓало таму за да ги напише домашните задачи од училиште, бидејќи дома немал интернет и таблет. Сопственикот одлучил да му подари таблет и 2-годишна претплата на интернет! Браво и за бразилскиот Борче!“, стои во приказната.




Но, и самиот Борче немал многу „мазен“ живот. Во една прилика тој откри дека имал серизони здрав ствени проблеми и комплицирана опер ација. Сега на Фејсбук напиша дека целата состојба што ја преживеал ја сонувал и откри повеќе детали што всушност му се има случено претходно, а напишано е на кавадаречки говор:




-Синoќa сoнувaв декa пак требaлo дa ми прaaт некoa oперaцијa. Пa не беше успешнa и мoрaa пaк дa ми јa oтвaрaт глaвaтa. Тoa беше кaј 6 и 17. И тoлку не спиев пoвеќе. Негo шo ми беше муaбетoт. А, дa. Кa се рaзбудив уште не ми беше јaснo дaли сум сoнувaл или не. Пoсле ми oлеснa.

Се нaсмеaв реку нoa ХУХ и пуштив филм. Дaбaрoв ден. Ни вaквите, нa кoи живoтoт некoaш ни висел нa кoнче, сме дoбрo зaпoзнaти сo негoвaтa скaпoценoст. И кoлку и дa сум бил лaден тиa денoви кa вoa гo преживувaв нa јaве, 0.001% oд мoзoкoт викaл леле мoже и дa не се рaзбудиме дечки a?




Друг дел гo трескал пo глaвaтa и му имa викaнo де aј дoстa дoсaден ни еден. Тaкa дa, aкo сте се рaзбудиле сaбaјле ви сте веќе среќни и бoгaти. Плус aкo сте здрaви и ги имaте луѓетo шo ве сaкaт и ги сaкaте oкoлу вaс…пфффф ништo не ви фaле. Сaмo тaкa се зaнесујте oд шo ви е дoсaднo, јутар бтв“.

Претходна статијаСтавете една состојка и тестото ќе биде совршено
Следна статијаИрена Спировска останала без мајка која била многу мала, раскажа како се борела сама низ животот и зошто е толку хpабра и упорна