Нашиот млад пејач Игор Митровиќ, кој пееше на фестивалите, па потоа се повлече од музиката, а летово по долго време сними нова песна која е на англиски јазик и се вика You.
-Тука сум пак затоа што имам прекрасна песна која се вика “You” (“Ти”), а која е на англиски јазик. Многу долго беше оставена на чекање, но сега живна.
Луѓето се прашуваат зошто е на англиски јазик? Затоа што со песнава имав сосема други цели.
Беше наменета за странскиот музички пазар, но поради оваа пандемија, која предолго трае, се зафр кнаа сите планови. Затоа и ја објавив овде кај нас во Македонија, таква каква што е во оригинал. Немаше потреба од нов текст на македонски, па останавме со оригиналниот – англискиот, чиј автор е Miceal O’Kane, вели Игор за весникот ВЕЧЕР.
Поп пејачот Игор Митровиќ направи своевиден „се за љубов“ момент! Имено тој отиде дури до Занзибар поради големата, немерлива љубов кон една жена. А таа жена е Кристина, со која се знае и сака цел живот, бидејќи му е сестра. Игор на Занзибар живееше неколку години а потоа се врати во Македонија.
-Ах, Занзибар.. мојата љубов. Штом го имате одбрано Занзибар како дестинација за посета, тогаш веројатно знаете дека тоа е рајот на земјата. Со себе не ви треба да носите многу работи освен камера, евентуално GoPro за да ги “меморирате” оние неверојатни природни магични убавини и добро друштво.
Има журки, да, но повеќе овој остров се стреми кон романтични моменти, да бидеш уште повеќе заљубен во партнерот/партнерката. Препорачувам да се оди со љубениот/љубената и доколку сакате прав одмор, таму ќе го добиете.
Пливав со делфини и тоа беше сосема неочекувано. Отидовме на тура за “scubadiving” за да нуркаме, ама кога се појавија делфините, сите туристи што бевме на бродот, рипнавме во океанот и пливавме со делфините.
Го учевме и знаковниот јазик за под вода, за да комуницираме меѓусебно. Имаше безброј различни риби, пливав помеѓу нив и ги хранев.
Моето искуство како турист кажува дека се многу топол, гостопримлив, ведар и расположен народ кој што знае како најдобро да се забавува. Искрено, не сум имал многу приватен контакт со мештаните, освен со оние кои што работеле во резортите каде што сум престојувал, но се сепак скоро исти како и народот во Дар ес Салам.
Први се за забава, сакаат нови познанства цело време, дружељубиви па дури и премногу, ведри, насмеани, расположени… И секаде мештаните во Танзанија се делат на неколку племиња и сите племиња си имаат свој јазик, свои традиции и обичаи“, изјави Игор во Точка.
Но, тој во Панацеа.мк раскажа за едно мошне нерпијатно искуство кое го имал таму, маларијатал. Игор последните години живееше и работеше во Дар ес Салам, а сега живее во сКопје и работи као графички дизајнер. За Танзанија, објаснува дека бил свесен каде оди и што треба да очекува.
Вели дека во Танзанија на маларијата гледаат како не толку голема и опасна болест, имаат медик аменти и секојдневно се справуваат со неа. Тој двапати ја прележал.
-Јавно сакам да се заблагодарам на докторите во Македонија коишто ми го спасија животот и успешно ме извлекоа од маларијата. Бев две недели во болница каде што секојдневно примав терапии и целиот третман беше успешен, раскажува пејачот Игор Митровиќ во интервју за порталот „Панацеа“.
Сега, Митровиќ е повтпрно во Занзибар на гости на својата сестра и објавил слика од рајска плажа во Занзибар и сите пријатели коментираат дека е на вистинското место.