Ова е братот на Атиџе, во селото нема никој, еве зошто само тие двајца останаа како единствени жители во Бекирлија

0

Атиџе Муратова, хероината која ја прослави Макеоднија во документарниот филм „Медена земја“ е симпамтичен и драг лик на целата јавност. Нема кој не ја засака Атиџе, последната жена која одгледува диви пчели во Овчеполието, поточно во селото Бекирлија.




Таа во документариот фил не глумеше, но филмот поради оригиналноста на приказната на Атиџе влезе во трката за Оскар во 2020 година, кога цела држава будно ги следеше доживувањата на Атоџе од црвениот тепих во Лос Анџелес, со познатите светски ѕвезди. Атиџе, освен што е добвра глумица, одлично пее, и ова е нешто што го дознавме од документарецот.




-Кога пеам, тагите ги заборавам. Добро ми е, многу убаво се чувствувам. Најмногу сакам македонски песни. Има една што ја испеав, моја песна. За три дена ја смислив. Од глава ми доаѓа сè, ја смислив и кога одевме за Швајцарија, таму ја испеав.

Кога се вратив, во селото им ја испеав исто и ми рекоа дека многу им се допаднала. Ми викаат: „Како ти текнуваат вакви песни“. Кога беше мајка ми болна, таа сакаше да ѝ пеам. Па кога ја мислев песната, всушност мислев на мајка ми“, изјави таа за Фешнел.




Сузана Турунџиева, како што е познато многу ѝ помага на Атиџе и таа е инцијатор да се направи нејзината нива куќа во селото Дорфулија, со помош на наши иселеници кои доста ѝ помогнаа. Атоџе е инаку од Бекрилија, село во близина на Дорфулија, а таму живее и брат ѝ.




-Има и тешки моменти во животот, ама има и добри. Сите се чудат за ова што се случи, но ми викаат „Имало Господ и за тебе Атиџе“. Некни кога копаа канали од општината за вода, Аце, Томе и Зоки ми велеа „Еее Атиџе, имало Господ“. Многу се радуваа за мене.




Им реков „Ајде да ве почастам кафе за водата, за мајсторите мора да има“, се шегувам малку со нив. Животот е тежок. Сега ми олесни многу. Со снимањето ми олесни. Не ми беше тешко ништо, ми беше мерак дека ме снимаат“, изјави Атиџе во Фешнел.




Сузана Турунџиева веќе некое време се дружи, ѝ помага и ја поддржува медената. Но, овој пат, Турунџиева помогнала на братот на Атиџе, Феим. Таа, заедно до медената и брат ѝ се фотографирани пред приватна ординација која му помогнала на братот на медената да си го врати видот, да може да живее нормално.




„- Те гледам Атиџе, ее сега те гледам! – беа зборовите на Феим – братот на Атиџе после операцијата која денеска му ја направи др.Наум Трпеноски, при која повторно му го вклучи светлото и му го врати видот кој целосно му беше онеспособен…




Огромна благодарност до др.Трпеноски и целиот тим на Промедика Офталмологија затоа што им го враќате видот и можноста на луѓето да живеат нормално и спокојно“, напиша Сузана до објавата.




Турунџиева постојано се дружи со Атиџе и со брат ѝ, а тие иако сега имаат нова куќа во Дорфулија, никогаш не го напуштија селото Бекирлија, всушност, тие се единствените жители на ова село. Причината е аманетот кој им го оставила упокоената мајка, но и Медената земја која тие сакаат да ја сочуваат.

-Атиџе и Феим Муратови- единствените жители на Бекирлија и чувари на Медената земја… Луѓе со голема душа, чист образ и благородни срца…




Чест и привилегија е да ги имаш за пријатели и да бидеш гостин во нивниот скромен дом…“, напиша Сузана Турунџиева на Фејсбук.

Претходна статијаМногу луѓе го прележуваат вирусот на нога, а еден симптом речиси сите го имаат
Следна статијаПоследната песна на Марина Туцаковиќ е многу тажна, го открива животот на една од најпознатите пејачки, но и нејзиниот