Мариојана и Росана, иако се до децении разделени една од друга физички, една во Македонија, другата во Австралија се бренд кој трае долги години. И двете се сега баби, Маријана на Ева од синот Филип, а Роана на Ноа од ќерката Ивана.
-Јас сум супер бабичка. Внук ми Ноа е злато мало, и 9 август ќе полни еден месец. Секој ден си одам кај него и ѝ помагам на ќерка ми, иако и таа и зетот се покажаа како многу совесни и добри родители.
За неколку дена ќе бидам на одмор, кој ќе го искористам во најубавото нешто за мене, а тоа е грижата за внук ми и помошта на ќерка ми. Ноа е мирен и добар, „љуби га баба“, изјави Росана во една прилика во Женски магазин.
Маријана и Росана повторно беа заедно предминатото лето, кога Маријана дојде од Австралија и ѝ донесе многу радости на сестра си и на сите блиски кога беше во родната зеја.
-Се повлеков од естрадата поради неправдите, особено на фестивалите , од немање на вистинско мерило на вредности, и помалку заради моите работни обврски. Јас пак ќе пеам, ќе има нови песни за мојата верна публика и за луѓето кои што ме сакаат, а пресреќна сум што ги има во голем број, навистина.
Но, пеењето нема да биде со голем интезитет како некогаш. Инаку, во трговијата сум скоро 18 години. Во фирмата „Еуротрејд“ бев вработена речиси 12 години, и благодарение на таа работа стекнав огромно и непроценливо искуство за работа.
Потоа бев вработена во „Стружанка“, таму останав точно 5 години, и стекнав едно малку поинакво искуство. Еве, сега сум во светот на книгите, во „Култура“, изјави Росана во интервју за Женски магазин.
Во 1982 година, Маријана и Росана ја претставуваат Македонија на Југовизија, некогашнито Ју фестивал за Евровизија, и победија Аски. Вториот македонски претставник Маја Оџаклиевска беше втора на ниво на Југославија, а тие две 12-ти.
Во емисиката Бсо точка кај драган Б. Костиќ како изненадување за Росана, видео сними Маријана и на својата сестра ѝ порача зброви на кои Росана заплака:
-Јас само би сакала да кажам дека се гордеам, и тоа многу се гордеам со тебе Росана, затоа што ти си една прекрасна личност, прелрасна персона„, реле Маријана за сестра си, а таа ѝ одгпвои: Ти си подобра од мене.
-Личност секогаш исполнета со љубов, и секогаш и секаде веруваш во луѓето, и помагаш. Те поздравувам, и те сакам многу. Те бакнувам сестро моја! Ти ги пренесувам нашите желби за вашето здравје, љубов, трпеливост, и да ја вратиш таа насмевка на твоето лице.
Премногу убави песни, премногу убави зборови, за перидо од 25-30 години, меѓутоа има една песна која мене и тебе не спојува многу“, ѝ рече Маријана на својата сестра преку видео поздрав, а мислеше на песната коах се вика „Надежи“, според најавата на Драган Б. Костиќ.
Таа песна Маријана ја пеела со својот упокоен брат Мирослав, но никогаш со Мароијана, и токму во оваа емисија, двете сестрти, иако на далечина од илјадници километри, ја испејаа заедно.
Маријана од Австралија која е повторно во катрантин поради Ковид мерките, се јави од природан и објави слики како ѝ е сонцето на длакнка и упати оптимистична порака:
-Еве ја месечината, конечно во кои раце. Сонце немаме , уште е ладно и врнежливо, ама се уште сме позитивни.“