Елена Стојановска од Сител ТВ е омилена кај сите генерации, не амо поради нејзината убавина, тууку и поради непосредниот однос кој го има со гледачите. Та во Женски магазион зборуваше за своите ритуали за убавина:
Во суштина имам само еден ритуал, а тоа е никогаш да не заспивам со шминка на лицето. Инаку, стандардно, лицето го чистам со мицеларна вода, со благи бебешки сапунчиња од ќерка ми и нанесувам богат слој крема затоа што имам сува кожа.
Веќе мојата кожа спаѓа во зрела и сега на овие години се обидувам да употребувам посериозна козметика. Но, верувале или не, јас уште не можам да отстапам од детските витамински креми затоа што само така мојата кожа е заситена со влага.
Во последно време почнав да ја користам и кремата од полжави , но и серумот на Есте Лаудер за ноќно возобновување. Од корективна козметика многу ја почитувам линијата на Есте Лаудер и Буржоа, од пудра, римел, сенки и моливи.
Искрено, не менувам многу и се држам до веќе испробани работи“. Ако треба да ги спојам со едно: убавината, женственоста, ведрината зачинети со доза на романтичност… ќе ги најдам сплотени како Елена Стојановска Јанковска.
Лик кој ви го задржува погледот а глас го кој задржува вниманието. Иако за неа најголема љубов беше радиото и сеуште телевизијата, со едното засега се збогува, но можеме да ја видиме на фрекфенцијата на сител телевизија во утринската “Ја сакам Македонија“, напиша во една прилика Убава.мк
Верувам во тоа дека човек мора да работи на себе, во секој домен. Јас сум „бубалица“. Таква бев и на училиште, таква сум и во професијата.
Не се потпирам на случајност. Но, кога се трудиш, кога работиш мислам и дека тоа не може да помине незабележано. Вистински луѓе ќе го препознаат и тука веќе се случува магијата.
Сакам многу работи, сакам да бидам здрава, да се чувствувам добро и да пробам уште многу нешта. Не знам само како би излегла на крај со работно време од 08.00-16.00, но никогаш не вели никогаш..
Има многу жени на кои им се восхитувам, ама ако мора една да одберам , Моника Белучи“, изјави Елена во Убава.мк за својата омилена актерка.
Таа на Инстаграм знае да се пофали со убавите нешта од својот живот, како семејството, одморот на Карибите и работата во ТВ Сител. Таа сега објави едно интересно стори во кое кажа дека поради потребите на нејзината работа, мора да станува во 5 наутро.
Елена на сториот напиша: Не се разбудив вака, Верче Блажевска ме дотера со локни во 5 сабајле.