Андријана Јаневска во ептен заносно издание, пејачката комплетно смени имиџ (ФОТО)

0

Пејачката и виолинистка Андријана Јаневска на први септември преку социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека нејзиниот син Кристијан е прваче. „Прваче-колаче, среќно!“, напиша таа.




Инаку, Андријана и нејзиниот сопруг, музичарот Драган Гиновски- Гино, имаат уште еден постар син, Димитар кој е исто така во основно училиште.

Познатата пејачка, инструменталист и професор Андријана Јаневска е позната по тоа што успева да постигне се. И ангажманите на двете работни места, и обврските околу децата кои за неа се најголемо уживање, и средувањето на дворот во нивниот семеен дом во Бардовци кој вели дека не би го менувала за ниту една градска локација.




„Уживам во мојата населба. Доволно е блиску до центар, а истовремено доволно далеку за да живееме во природа. Местоположбата е извонредна. Вардар и Лепенец се блиску, а кон Шара и Водно имаме отворен поглед, па летно време температурата е за неколку степени пониска.




Во нашето маало има многу дечиња, па моите два сина живеат маалски живот, каков што живеев и јас. А сега, гледајќи ги, повторно се чувствувам како дете“, раскажа Андријана за Женски магазин. Таа додава дека ужива во се што е поврзано со дворот и неговото уредување.




“ Живееме со мајка му на Гино, па уште од самиот почеток таа готви. Секоја сабота, одиме на гости кај моите и кај брат ми кој има три деца. Сите имаме многу обврски, растрчани сме на сите страни, но да не забораваме една многу важна работа:




колку и да ги гушкаме парите, тие никогаш нема да не гушнат нас! Затоа, кај мене на пиедесталот секогаш е семејството!

Во неделите честопати Гино прави скара во двор, или одиме во викендичката во Бродец на Скопска Црна Гора. Сакам што почесто да поминуваме време во природа, затоа што единствено преку соединување со природата човекот станува смирен, спокоен и разумен“, рече Андријана понатаму.




„Се држам до правилото: 8 часа сон, 8 часа работа и 8 часа слободно време. Кога немав деца знаев по цел ден да работам, но откако се родија, ми се променија приоритетите. Вообичаените работни обврски во МОБ и на ФМУ ми завршуваат околу 14:30 часот, и потоа до заспивање сум со децата“, рече Андријана претходно.




Сега таа има свое музичко училиште и ги подучува дечињата, но снима и авторска музика. „Постојано работам со странски автори и изведувачи, кои се заинтересирани за соработка, пеам, свирам виолина, аранжирам. Инаку, имам и песни на македонски кои размислувам како и кога да ги промовирам.




Со врвен музичар како Влатко Стефановски е лесно да се работи, бидејќи точно знае што сака и како сака да звучи песната. Снимаме во неговото студио во Тафталиџе, заеднички ги обмислуваме вокалните линии што ги пеам и мислам дека ова ќе биде фантастичен албум.




Освен тоа, добро ни оди и муабетот, па неретко знаеме да си седнеме во двор после снимање и да дискутираме за одредени теми и животни предизвици“, изјави Андријана во Слободен печат минатата година.




Таа објави слики од нејзиното гостување во ТВ Алфа. Андријана, ја знаеме и како дама која е елегантна и знае да се дотера, но и како спртски тип. На овие слики, таа е облечена доста елегантно, со шминката како сосема да го сменила својот имиџ и топ изгледа.

Претходна статијаПо долго време Шенка Колозова се појави во јавноста, изгледа одлично, ѝ годел животот на село (ФОТО)
Следна статијаУбавата водителка Елена раскажа што правела во пет сабајле (ФОТО)