Пет сестри и сите девици, живеат заедно, не гледаат телевизија, не слушаат радио – објаснија зошто (ВИДЕО)

0

Сестрите Зариќ од селото Мpтбица кај Брчко, Петра, Стоја, Гоја, Аница и Живана, иако веќе влегоа во осмата и деветтата деценија од својот живот, никогаш не се венчале и целиот свој живот им го посветиле на родителите и напорната работа во заедничкото домаќинство.




Нивниот живот е како поранешна семејна задруга во која точно се знае кој што прави на имотот. Тие ја обработуваат земјата, одгледуваат добиток и вршат бројни „машки“ работи секој ден, од утро до вечер.




Нивните пок ојни родители Јово и Спасенија имаа 13 деца. Меѓутоа, машките деца поч инале рано, две сестри се венчале, а пет од нив, како пет босански девици, останале со своите родители.




Тие сега, во овој период од годината имаат многу работа. Сезона е кога се сее пченката. Едната сестра го поправаше дотраениот ѕид на старата семејна куќа, други две го подготвуваа семето.




Често возат трактор, а кога неможат да постигнат сами, го викаат соседот да им помогне. Така ќе биде и сега околу престојната есенска сеидба.

Тие велат дека не можат да најдат работна сила за некои поголеми работни места на имотот. Селата беа напуштени, младите заминаа во подобар живот.




Сестрите Зариќ велат дека нивните срца се полни затоа што останале со своите родители и дека повторно би го избрале овој, речиси монашки живот, доколку треба да изберат.




Имаат многу говеда, овци, свињи, живина на својот имот, но не се плашат од напорна работа. Тие обработуваат голема површина, и доколку е потребно, изнајмуваат и земја.




“Имаме деветнаесет грла марви, дваесетина овци. Ние исто така изнајмуваме земјиште во Корај. Нашето здравје се уште многу добро. Се плашевме од грипот минатата зима, но за среќа, тој не заобиколи.




Стануваме рано, околу шест часот наутро, и работиме до девет навечер, кога обично вечераме и се договараме за утрешните обврски.

Да не беа неделите и празниците, ние немаше да можеме да одмориме од работа“, вели Стоја Зариќ (79).




“Претпоставувам дека Бог не предодредил нас да останеме немажени и да живееме во заедничко домаќинство, ние петте сестри. Додека нашето здравје не служи, ние ќе работиме и ќе тераме”, велат сестрите Зариќ.




Нивната мајка Спасенија живееше скоро сто години. Таа поч инала во 2007 година и имала само четири месеци до наполнување на сто години.

Од упокојувањето на нивната мајка , па наваму, тие носат црно, не гледаат телевизија, не слушаат радио, од жал кон мајката.




Но и немаат време за таков луксуз. Нивниот татко Јово се упокоил на 92 -годишна возраст, пренесува Б-92.

 

Претходна статијаЕве каква била Богдана како дете, без силиконските усни и пред да ѝ стане снаа на Цеца (ФОТО)
Следна статијаНашата позната актерка по загубата на партнерот најде сила повторно да се насмевне, ова е нејзината среќа (ФОТО)