-Јас можеби сум мудар толку колку што е мудар мојот народ, затоа што јас црпам од него. Се дружам многу со обичните луѓе, а духот на еден народ се наоѓа во обичните луѓе.
Духот на народот не сме ние што се појавуваме по телевизии, дебатни емисии, или новинарите што пишуваат
Ова го изјави Игор Џамбазов во едно интервју за Фешнел. Џамбазов потоа продолжи да зборува за наиот народ.
… Духот на народот е далеку од нас, нешто што ние не го ни есапиме за Македонија. Некаде каде што мислиме дека нема ни луѓе што знаат да размислуваат. Ете од таму доаѓа духот и мудроста на народот.
Ако сум успеал да ја соберам нивната мудрост, а тоа го правам во последните 20 години, тогаш би можело да се каже дека се сметам за мудар човек“, рече актерот.
-Во однос на предностите, една и единствена за која јас се залагам е тоа дека почнува второто полувреме од животот, ако се смета дека сто години е човечкиот живот, оној убавиот, да речеме дека во 51-вата влегуваш во второто полувреме…
Па има некаква мудрост, за која и пред малку зборувавме, искуство што сум го стекнал со години – во работата, во животот… Ништо повеќе не може да ме изненади, подготвен сум на сè, од секого… Сите табуа се скршени, сите комплекси излечени…
Убаво е да се живее во 50-тите години од животот, но мене ми се случува сега, како што влегувам во второто полувреме, шестата деценија од животот, да ми недостасуваат тие некои убави приказни од минатото, цели едни друштва…
Да ми недостасуваат жени, случки, можеби таа носталгија за младоста, за убавото време, пријателства.. Можеби тоа е она што ми недостасува сега, но во шестата деценија од животот си го наоѓаш својот целосен мир, веројатно така и си ги продолжуваш животот.
Токму затоа, јас само и зимно време седам во Скопје. Штом дојде пролетта, веднаш одам на село, каде што сум сигурен дека животот ми се продолжува, барем двојно повеќе од она што би ми се продолжил кога би бил во град“, рече тој во истото интервју кое го даде пред да ја запознае и да ја засака Илина Арсова.
– Ние бевме и сè уште сме едно специфично семејство, семејство на вистински уметници. Иако сестра ми не стана уметник, од самиот почеток се фати за архитектурата, сепак таа е најголемиот уметник од сите нас, бидејќи баш така боемски си го живее животот шетајќи низ светот.
Еве сега додека ние разговараме таа е на пат од Тајланд, Јужноафриканска Република, потоа ќе оди на Куба и така ѝ помина животот во едно шетање. Најсветлиот момент е успехот, условно кажано, на моето семејство, почнувајќи од дедо ми Петре, па сè до сестра ми Тања…
Се трудиме да позлатиме сè она што ќе допреме. Не секогаш ни успева и не е секогаш тоа така едноставно. Да речеме дека тоа е нешто по што ќе го паметам животот. Инаку, ако зборуваме за светлите моменти лично за мене, од мојата кариера, тоа би бил концеротот во „Борис Трајковски“, тоа беше врв на сè што сум правел, иако многумина не веруваа дека ќе се случи“, рече Игор.
Џамбазов утрово го почна ведро и позитивно, што е за голем поздрав во ова денешно неизвесно време. Тој испеа стар хит за да им посака среќен почеток на првачињата на училиште. Хит стар 50 години, напиша тој и запеа:
-Првото ѕвонче ѕвони, прваче крева глас, над книга радост рони, почнува првиот час. Ветуваме мамо тато, ќе учиме сите многу, го знаеме сите патот, едници збогум збогум!“