Портпаролката на СДСМ, Кузеска раскажа лична семејна приказна (ФОТО)

0

Портпаролаката на СДСА Богданка Кузеска на својот Фејсбук профил неодамна апелираше до сите граѓани да се имунизираат, и рече дека кампањата „Вакцинирај се“ нема политичка заднина.




– ВакцинирајСе не е политичка ниту партиска кампања. ВакцинирајСе има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцината која ги штити нив и нивните блиски. И затоа секоја политичка партија, секој одговорен политичар кој им мисли добро на граѓаните, кој се грижи за јавното здравје треба да се приклучи и да повика ВакцинирајСе!




Вирусот не е и не смее да биде политика, а најмалку политиканство кое служи за потпалување и обид да се заработуваат евтини политички поени. ВакцинирајСе е заедничка, зошто само заедно може побрзо да бидеме поблиску и да се заштитиме од вирусот“, рече таа.




Со овие зборви, Кузеска на своите пријатели им го честиташе прзникот Упспение на Пресвета Богородица.

-Љубовта е чиста и единственото вистинско богатство. Љубовта на мајката е бескрајна, пожртвувана, несебична, грижлива, полна стравови и херојства.




Мајчината љубов кон своето чедо е љубов над сите љубови. Таа е света, Пресвета.
Честит празник Успение на Пресвета Богородица, заштитничка на сите деца, во молитвите на секоја мајка“, напиша Кузеска.

На Меѓународниот аеродром Скопје стаса првата група од 149 граѓани на Авганистан, за кои Македонија изрази подготвеност да им биде привремено живеалиште и прибежиште.




Станува збор за вработени или соработници на меѓународната организација „Отворено Владино Партнерство“ (Open Government Partnership – OGP) каде што Македонија е официјално членка, лица кои биле вработени или соработници на Transparency International, World Economic Forum и други меѓународни организации, заедно со нивните семејства, со нивните сопруги, сопрузи, мажи, жени и деца.




Кузеска по тој повод раскажа за една нејзина семејна приказна, и со неа упати порака дека во ова време сите треб да сме хумани и да си помагаме едни на други. Ова е нејзината приказна која ја објави на Фејсбук.




-Во раните 90′, кога бев дете – тинејџер, од дружба во град, дома се вратив со семејство, мајка, татко и две деца кои штотуку ја преминале границата од Албанија и стигнале во Струга. Заѕвонив на врата и кога отвори мајка ми без да препрашува многу, им понуди вода, храна, а потоа ги однесовме во центарот каде требаше да бидат сместени.




Во нашиот дом во Струга примивме и извесен период со нас, еднакво како наш брат и син, живееше момче од Босна и Херцеговина, подалеку од крв-авата во-јна. Беше во нашата земја на безбедно.




Првиот патник кој го видовме синоќа беше дете. По него и бремена жена.
Денес сум родител и уште повеќе знам дека децата треба да се на сигурно, подалеку од нечов-ечноста.




И доколку тоа нешто може да го овозможи нашиот заеднички дом, нашата земја, ние треба да знаеме дека сме среќни и благословени луѓе.

 

Претходна статијаВера Мештеровиќ во ептен кратко фустанче им посака добро утро на гледачите на Канал 5 (ФОТО)
Следна статијаМузичарот Орце од групата „Арија“ од Холандија се врати дома, и објави слики од семејството, жена му е „авион“ (ФОТО))