И покрај пандемијата, нашиот познат пејач и компизтор од Битола, Димитар Андоновски беше доста активен на музички план минатата година, а активен е и сега. Тој зборуваше за својот нов музички проект „Надеж“.
Надеж-(Hope) е музички проект кој започнав да го работам од неодамна за мое лично задоволство. Инспириран од ситуацијата во која се наоѓаме, вишокот слободно време го искористив да се посветам и да почнам да го реализирам.
Се работи за обемен и долг проект, процес на кој му треба време, но се надевам дека еден ден ќе го чујам на голема сцена со голем број солисти како музичко сценски перформанс.Затоа решив да споделам дел од музиката и со вас.
Текст за Надежта го напиша мојата Maja Andonovska Ilijevski сестра, а мојот другар Sergej Svetozarevсе погрижи за видеото. Ним им сум бескрајно благодарен бидејќи вака делото го добива комплетниот сјај.
Ако ви се допаѓа – споделувајте, направете Subscribe на мојот нов канал на Youtube каде што ќе ги слушате сите новости и музички теми околу овој проект“, напиша тој минатата година.
Во еден период од својот живот, тој се има вработено по нешто што не му е струка, но како што рече за Фактор, Андоновски во тој период се вработи за да си ја обезбеди иднината, а стануваше збор за една наша многу позната компанија.
– Се вработив за да ја обезбедам иднината, моја и на моето семејство, бидејќи со музиката тоа никој не може да ми го гарантира. Работам во „Жито Лукс“, комерција и набљудување на дистрибутерите и дистрибуцијата за регионот: Битола, Прилеп, Ресен и Демир Хисар“, изјави пејачот.
Димитар со сопругата Христина и со синот Михаил, кој во февруари наполни четири година живее вo Битола. За него, ова е прво официјално вработување.
Токму Димитар направи едно од најспектакуларните запросувања кај нас. Димитар тогаш докажа дека е еден од нашите најромантични пејачи. Пред пет ипол години, јавно, на концерт на Каролина Гочева, тој ја побара за жена својата тогашна девојка Христина.
Тој и Христина во август во 2015 година ја крунисаа својата љубов со брак, a во октомври истата година направија свадба за паметење, на која тој запеа и ѝ посвети песна.
„Му благодарам на Бог што си мојата радост, мојата поддршка, мојата најголема љубов. Среќен роденден среќо моја, да ми си здрава и жива и дај Боже да му се радуваме на животот и да остариме заедно“, рече тој за сопругата кога таа го славеше својот роденден.
Димитар има одлична причина да биде среќен и да слави, а причината е што тој наскоро ќе стане татко на уште едно момче. Пејачот сега е менаџер на едне ноќен клуб во Битола и таму гостуваа многу ѕвезди меѓу кои и Лепа Брена и Бора Чорба.
Во моментов, тој со неговата фамилија ужива во луксузен одмор, и тоа во хотелскиот комплекс Сплендид во Црна Гора од каде што објави слики, како и во прошетките низ познатото летувалиште Будва.
Овој ресорт се смета за еден од најлуксузните не само на Јадран, туку и во цела Европа.