Наум Петрески ѝ одговори на новинарката која рече дека ќе тужи ако кај младите има последици од тргнувањето на училиште

0

Владата ја соопшти одлукaта наставата за учениците да се одвива со физичко присуство под јасно утврдени здравствени протоколи, за разлика од минатата година, кога во повеќето држави имаше целосно затворање на училиштата“, објави М3.мк




-Надлежните се согласни дека за здравјето на учениците е приоритет, но за епидемиолошката состојба да биде стабилна и наставата да се одржува непречено до крајот на учебната година, неопходно е што поголем дел од населението да се вакцинира, пред сè родителите и просветните работници, сопштуваат од Министерството за здравство.




Како што се наведува во соопштението, според одлуката на Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија, наставниот процес во земјата ќе започне редовно, на 1-ви септември, часовите ќе траат по 45 минути, со полн капацитет на училниците.




Наставата ќе се одвива по т.н. модел на безбедна средина, кој предвидува учениците да носат маски само додека одговараат, додека вакцинираните наставници нема да бидат обврзани да носат заштитна маска, се додека одржуваат соодветно растојание од учениците.




Во зависност од епидемиолошката состојба, предвиден е систем за спроведување на наставата и преку два други модели, со кои физичката настава ќе се комбинира со настава на далечина или целосно ќе се одвива онлајн.




Од МЗ пишуваат дека флексибилен протокол кој овозможува секое училиште да го регулира начинот на реализирање на наставата според локалната епидемиолошка слика и заболеноста во регионот во кој се наоѓа е донесен и во Бугарија.




Протоколот подготвен од бугарското министерство за образование предвидува маските во училниците да бидат задолжителни за сите ученици во основно образование, доколку се наоѓаат во епидемиолошки ризична средина, односно област во жолта, црвена или темноцрвена зона.




Границата за преминување на онлајн-настава ќе биде доколку 10 отсто од учениците се заразени. Бидејќи во моментов речиси сите области во Бугарија се во жолта или црвена зона, учениците ќе ја започнат школската година со задолжително носење маска за време на часовите.

Новинарката Вики Клинчарова реагираше на почетокот на наставата со физичко присуство и рече дека ако има несакани последици треба да се тужат одговорните.




– Со име и презиме нека излезат тие кои проценија дека условите за настава со физичко присуство се исполнети, барем да знаеме кого да го тужиме кога ќе букне инфекц-ијата кај младите, а секако ќе им се пренесе и на возрасните.




Лани, на први септември имавме 114 нови случаи на вирусот, а активни беа 2.326 случаи во цела земја. Настава со физичко присуство немаше, оти беше голем ризик.

Вчера, на 29-ти август имавме 14.360 активни случаи. Како е донесена таа проценка дека сега е безбедно учениците да се вратат во училиштата со овие бројки?




Кој ќе сноси одговорност за ова што им се спрема на децата, а и на сите нас? И немојте пак за вакцините, вакцинирани сме, ама видовме дека и тоа не е сто процентна заштита“, напиша новинарката.

На ова ѝ одговорил пејачот Наум Петрески: „Ќе горат некои живи“, а таа одговорила: Немам сомнеж во тоа.

Претходна статијаНе напушти познатата скопска кафeанска легенда, пријателите се простуваат
Следна статијаПрија во најзаносното издание до сега, изгледа како да не родила (ФОТО)