Не напушти познатата скопска кафeанска легенда, пријателите се простуваат

0

Познато е дека Данило Коцевски беше најпознат скопски хрониар и за душата на старото Скопје пишуваше во многу медиуи, а ова го напиша во Нова Македонија:




Нема крај на скопските чуда и чудесии, особено во летниот период. Летото беше рај според кој се препознаваше Скопје. Сите воздивнуваа, се потеа и препотуваа, но летото си е лето и без него не се може. Како и денес.




Едноставно, го сакаме летото. Каков само беше ритуалот да се оди на плажа, во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век. Вистински летен настан што не се заборава. Многу анегдотски ситуации се прераскажуваат и денес.




На плажа се седеше долго, затоа мораше да се носи јадење. Можеше и тава со ориз, штотуку извадена од маалската фурна. Можеше со другарите да здиплите и некоја туѓа тава, додека фурнаџијата со лопатата ви е свртен со грб.




Задолжителна е лубеницата, која предизвикувачки се мрешка и се лади во плитката вода крај брегот. Ако одите на плажа во Сарај, долг е патот. А по патот, многу бавчи. Скинатиот зеленчук може да заврши и во гаќ-ичките за капење, за да не ве забележат чуварите.




А за да се скројат гаќичките онака како што треба, може да се употреби некое старо платно или фрлено старо знаме.

Ако сакаш да креваш чалами, треба да се пуштиш низ Вардар со внатрешна автомобилска гума, од Сарај до Камени мост. Но како ќе ја однесеш гумата до Сарај? Со тркалање.




Ако сакаш да бидеш главен фраер, најубава беше црвената внатрешна гума. Црвена како жар. Како да се дојде до црвените гуми? Едноставно, нив ги имаше во камионите од марката „прага“.




На плажите се продаваше ладна оранжада. За да биде ладна, требаше во кофите да има мраз.

Мразот се земаше од фабриката во четири часот наутро. Немаше фрижидери туку само сефови од лим што служеа за таа намена. Работилница за оранжади имаше во Пајко Маало.




Ги произведуваа чичко Живко и тетка Стојка, а се продаваа на плажите и пред Северната трибина на Градскиот стадион. По продажбата, шишињата мораа да им бидат вратени на газдите“.




Данило за жал си замина од овој свет минатата година, а сега на Фејсбук се рашири веест дека не напушти уште една скопската легенда а тоа е Спасе Попов.

-Со голема болка и тага објавувам дека ноќеска почина Спасе Попов – легендата на скопската кафанска музика.




Ќе останат незаборавни неговите песни и рецитации на КОШТАНА и ЈАНИЧАРИТЕ, неговиот баршунаст баритон и беше голем работник, имаше енергија со часови непрекинато да свири и пее.

Беше енциклопедија за песни, мислам дека немаше песна што не ја знаеше. Поминавме заедно повеќе од 20 години во музика и смеа. Скрш-ен од болка, изјавувам сочуство на неговата фамилија. Бог да го прости, нека поч-ива во мир“, објави музичарот Златко Бојаџиев.

Претходна статијаВодителот Димитар објави слика од луксузниот одмор, а пријател му рече: Не е ова од плата (ФОТО)
Следна статијаНаум Петрески ѝ одговори на новинарката која рече дека ќе тужи ако кај младите има последици од тргнувањето на училиште