Порасна синот на нашиот познат музичар, еве колку личи на татко му (ФОТО)

0

Панчо и Андреј или ДНК се доста популарно дуо кај нас, и нивните хитови ги сака особено помладата публика. Во една приика во интервју за Црно бело, тие раскажаа како започнала нивната приказна.




– Тоа беше многу одамна пред точно 11 години. Седевме кај Александар Ристевски Принц, бидејќи првата песна тој ни ја правеше и ни требаше име. Имаше секакви смешни предлози, но некако се одлучивме за ова.




Ако ме прашате лично мене името не ми се допаѓа воопшто, но не би го менувале за ништо на светот бидејќи баш поради него сме уникатни и препознатливи.




Имавме период на разделувања, спојувања, кризни моменти, дури и на чекор бевме да не продолжиме понатаму. Па затоа сè што беше спакувано во нашите срца го извадивме несебично на виделина во една музичка форма насловена „Срце““, реле Панчо, а Андреј додаде.




-Искрена и полна со емоции и љубов кон музиката произлезени од нашите две срца“, на прашањето за песната „Срце“.

Панчо: Забавно. Функционираме како фамилија. Се караме, се сакаме, но што е најбитно исто размислуваме кога станува збор за најбитното, а тоа е музиката, па можеби затоа и функционираме толку долго.




Нормално, секој од нас има сопствени животи. Јас на пример имам соло диџејска кариера и многу настапи, со тоа имаме различни занимации, обврски и хобија. Јас лично мислам дека во тие погледи тотално сме различни и не би можеле да опстоиме ни ден заедно според нашите карактери, но реков, музички функционираме беспрекорно.




Андреј: Се знаеме веќе 15 години и знаеме како дишиме и приватно и професионално, така да спојот од овие две наши карактеристики го прави ДНК нешто што ќе трае успешно долго време и се надевам дека и ќе трае“, рекоа тие.




Андреј е татко на убавата Јана, а Панчо има два сина, Андреја и Марјан и сите деца заедно беа во спотот „Македонија на Европско“. На прашањето какви деца се неговите синови и кои свои особини ги препознава кај нив, Панчо во интервју за Женски Магазин раскажа:

„Скромни и дружељубиви. Драго ми е дека се воспитани и лично јас имам некои принципи кои пробувам да ги имплементирам врз нив додека се мали. Деца како деца палави се и сè уште е рано да препознаам мои особини во нив.




Среќен сум што Андреја сака спорт и во моментов тренира фудбал, а Марјан е маалска маскота што значи дека има големи шанси да тргне по моите стапки. Тоа значи тешко мене, но нека се живи и здрави. Како ќе старееме без проблеми, нели?“.




Времето лета, а децата брзо растат. Панчо на Фејсбук го покажа својот постар син Андрија кој пораснал во вистински убавец и личи на својот татко.

Претходна статијаНаташа Беквалац објави дека ѝ е преку глава, Карлеуша веднаш скокна со реакција (ФОТО)
Следна статијаИрена Спировска во досега невидено издание (ФОТО)