Елена- Живот со стил го покажа прстенот на плажа (ФОТО)

0

Водителката на шоуто „Живот со стил“ , Елена Стефановска е убава жена која својот живот го живее како и насловот на својата емисија, со стил.




Кога славеше роденден, таа рече дека таа роденденска забава и била посебна, а ја поминала со блиски луѓе во пријатен и интимен амбиент, на отмена вечера во еден познат скопски ресторан.




Како роденденска желба, шармантнaта водителка си посака да е среќна и насмеана, и секогаш со позитивен дух. „36-те ми се најубави на свет. Како што напишав, така навистина така и се чувствувам.




Ова е дефинитивно најубавата деценија за мене, како роденденски подарок оваа година го сметам „Живот со стил“, ток-шоуто коешто е само доказ на мојата зрелост, затоа што точно знам што сакам во животот“, изјави тогаш Елена.

„Има една посебна карактеристика за мене. Како што изминува секоја година во мојот живот така расте мојот ентузијазам за реализација на секое поле што значи дека годините се само бројка на скалата за успех и ентузијазам.




Ги охрабрувам сите самофинансирани и успешни жени секогаш да работат на себе, да се надоградуваат секојдневно, да се образуваат, и секогаш да бидат со стил, бидејќи независноста и слободата немаат цена“, изјави водителката за Женски магазин, која во секоја емисија, зборувајќи на различни теми, раскажува за животниот стил на своите гости.




-Мажот не е супермаркет за да набројам производи кои ми требаат. Ама, ако треба да издвојам некоја особина тоа треба да биде човек со традиционални вредности“, додаде таа. Елена е сега во среќна врска со Бојан Најдовски со кој често на социјалните мрежи споделува слики.




Само можам да ви кажам, од моето искуство како проект менаџер на Живот со стил, сега за сега, одлично пливам. Мора да се држат конците во раце за да не се испушти кормилото, па бродот да ти замине во друг правец.




Тешко е, но упорна сум и наоѓам начин за да го остварам зацртаното. Искуството го прави своето, па реагирам на позитивните реакции на публиката, а тоа е најважната награда за мене“, изјави таа во hybrid.mk




Њлена беше во Хрватска со внуките и објави слика од плажа од Ријека со нив, но таму заминала со Бојан, за да го покаже на фамилијата. Водителката објави вљубена слика со својот сакан на од островот Хвар и до неа напиша: Те сакам.




Елена, откако беше во Хрватска, замина на уште едн одмор, а според сликите на Инста, тоа е Грција. Елена објави слика од плажа на која ги покажа своите нокти, но и прстенот и алките.




Двата прстени не се прстот каде што се носат свршенички прстени, но не би не изненадило ако убавата водителка наскоро се пофали и со свршенички прстен.

Претходна статијаЕмотивна посвета за внуката, Сузана Спасовска раскажа интимна приказна (ФОТО)
Следна статијаПознатиот холивудски актер лично му зготви вечера на нашиот познат музичар (ФОТО)