Во 2014 беше првата сопруга што се вклучила непосредно во предизборната кампања на својот сопруг, претставувајќи ја пред гласачите неговата приватна страна. Стево Пендаровски стана претседател при вториот обид, во изборите 2019.
И тогаш и во други прилики, Елизабета Ѓоргиевска при секое појавување го привлекува општото внимание – со дискретниот филигрански изглед, секогаш внимателно заокружен, и со одмереноста на искажаните ставови, секогаш добро обмислени.
– Во основа, тешко го менуваме и карактерот и однесувањето во 50-ите години од животот, сметам дека сме веќе оформени личности со сопствени ставови и уверувања. Ваквата позиција ми овозможи поблиску да се соочам со проблемите за кои знаев дека постојат, но, сепак биле надвор од мојот видокруг.
И да, согледувајќи многу од нив, секако, се јавува желба да направам нешто што е во рамките на моите можности за да се решат или барем да се олеснат ваквите ситуации.
Бидејќи мојата работа како детски стоматолог подразбира работа со деца и со ранливи групи, тие секако се моето прво и, според мене, најзначајно поле на интерес.
Па, во овој контекст, за време на пандемијата сакајќи најмладите да го засакаат читањето, заедно со „5+ фамилија“ ја започнавме иницијативата „Раскажуваме заедно“, во која со повеќе истакнати личности од јавната сфера читаме приказни, најмногу за развојот и успехот на поединци кои оставиле силна трага низ историјата.
За време на пандемијата, активно работев на подигнување на свеста за опасностите од новиот коронавирус и како да се однесуваме во овие тешки времиња за сите. Една од моите заложби е и волонтирањето како форма на општествена одговорност, која треба да се практицира уште од најмали нозе, и во прилог на тоа, волонтирав во Црвениот крст на Град Скопје на СОС линиите за психо-социјална поддршка.
Некои иницијативи останаа само во фаза на планирање, зашто ги прекина пандемијата. Размислувавме со Стево да ја отвориме резиденцијата во Охрид за престој на деца, кои освоиле, на пример, меѓународни награди и признанија, да се дружиме со нив, но мерките за заштита ги запреа овие планови“, изјави Ѓоргиевска во Женски магазин.
– Сите сакаме да живееме во идеално општество, и за жал, и денес, во 21 век не можам да кажам дека дури и најразвиените демократии и најбогатите држави во светот се земји од соништата.
Жените денес треба да добијат еднаков пристап прво и основно во образованието, што е основа за понатаму да бидат третирани еднакво и во приватниот и професионалниот живот“, додаде таа.
Здружението Ретвитни оброк објави фотографии од Елизабета Ѓоргиевска како им помага во подготовка на оброците на ентузијастите и хуманитарци кои обрците ги донираат на бездомниците и на социјално загрозените.
– Благодарност за континуираната поддршка од Кабинетот на Претседателот Stevo Pendarovski, госпоѓа Елизабета Ѓоргиевска и вработените во Кабинетот“, пишува во обајавата на Ретвитни оброк.
Реттвитни оброк се ентузијасти кои сакаат да готват и споделуваат храна и тоа не само на интернет.
Ретвитни Оброк е неформална граѓанска иницијатива која готви храна за бездомници и социјално загрозени. Идејата е да се промовира солидарност, рециклирање на храна и освестување на секој човек во општеството да не фрла, туку да сподели со оној што нема.
Тие во соработка со здружението Вистински дела на љубезност далат претходно подготвен топол оброк за сиромашни лица и бездомници.
Локација: зад спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје.
Време: Секоја сабота во 13ч.
Под објавата од сликите од првата дама од хуманата мисија, таа доби многу честитки и голема поддршка.