Во својот Фејсбук статус, новинарот Ефтин Гаштов објаснува какво е неговото мислење околу новонастанатата состојба со вирусот и со почнувањето на новата училишна година со физичко присуство.
– Се обидувам здраворазумски да се однесувам и размислувам за моменталнава состојба во која се наоѓаме. Ни предстојат 3 големи случувања во Македонија, почеток на школска година (физичко присуство), попис и локални избори..
Во однос на првото, јас стварно мислам дека здравствената ситуација е таква, што опасноста по здравјето и безбедноста на децата и наставниот кадар е сериозно голема, а самите протоколи не гарантираат, дека моите стравувања не се оправдани.
Oколу 35-40-% од наставниот кадар не е вакциниран и е подложен на голем ризик, но и оние вакцинираните не се сигурни за своето здравје (10-20% од инфицираните се вакцинирани) кои со симптоми на блага настинка можат и да не приметат дека се заразиле, а во континуитет да го шират вирусот.
Можноста за ширење во училиштата на вирусот е стварно преголема, а фактите покажуваат дека оваа мутација и не е така безопасна за децата. За пописот ситуацијата е уште покомплицирана, замислете во вашиот дом ќе дојде лице кое не го познавате, а во текот на денот посетил неколку други домови.
За тоа колкав е ризикот за неговото здравје сето ова и колкава е можноста и вие да бидете колатерална штета, пресудете сами.
Изборите се приказна за себе, еве и нека нема митинзи, еве и нека нема опасност согласно протоколите за гласање, при самото гласање, арно ама журките и славењето постизборно итекако ќе придонесе за натамошно неконтролирано ширење на болеста.
Вакцините се приказна за себе, некој не може, некој не смее, а некој не сака, но има и такви кои чекаат нова помодерна вакцина, која со поголема успешност ќе се справува со вирусот. Кој бил во право времето ќе покаже.
Мој апел е, чувајте се, доколку немате објективна причина за да не се вакцинирате, сторете го тоа (без присила и уцени), а надлежните во следните две до три недели прогласете карантин, ограничете го движењето, вакцинирајте што е можно повеќе луѓе (воведете го повторно терминот)
нека се стиша малку состојбата, а потоа размислувајте и за училиште и попис и избори, оние кои ќе ја изгубат битката и нивните најблиски нема да можат да се радуваат на 5ките на внучето, синот, ќерката, нема ништо да им значи кој ќе победи…тие ќе изгубат.