Познатата манекенка и Мис на Македонија Емилија Розман минатата година направи свадба со своето момче Стефан Ангелкоски, со кого се познаваше неполни 24 часа.
Но, љубовта на прв поглед не траеше долго. Мисицата Розман после неколку недели од интимната романтична венчавка, се разведе од својот сопруг. Причината за разводот е се уште непозната. Како што се вели – Се што е слатко, кратко трае“, објави тогаш Рњпублика.
Имено, по свршувачката, таа за домашните медиуми раскажа дека со Стефан се знаеле само два дена и тој ја побарал за сопруга. Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина, изјави тогаш Розман.
Откако се разведе, таа почна да прави шеги на своја сметка на социјалните мрежи: „Подарувам венчаница, носена само еднаш, по грешка“ – стои во огласот кој познатиот модел Емилија Розман го сподели на својот Инстаграм профил.
Откако во средината на јули му кажа „да“ на своето момче, Стефан Ангеловски и набрзо стави крај на оваа љубов. Сето ова може да се сфати и по избришаните фотографии од нејзиниот профил на социјалните мрежи. Потоа таа сподели една мисла:
„Парови се гледаат по 10 години, па се венчаат и по една година се разведуваат. Тотални страници спијат заедно уште на првиот состанок и сега прославуваат 15 години од брак. Некои се мажат по шест месеци и се уште се во среќен брак. Нема формула за ова. Прави го она што те прави среќен“ – рече Емилија.
На јубилејниот, десетти по ред Саем за венчавки кој го организира „Во бело“ како дел од ревијата на познати беше и се уште актуелната Мис на Македонија, Емилија Розман „Во моментов не сум во врска, но би сакала и приватно да облечам ваков фустан, на мојата свадба“, раскажа Розман во Женки магазин в0 февруари во 2020 година.
Емилија е инаку волонтер во Црвениот кртс и голем химанитарец. Таа пред две години ја скрати својата долга коса по која што беше препознатлива со години, за да ја донира за изработка на перики за деца болни од кан-цер.
„ Дали знаете дека постои институт во Холандија каде што можете да ја пратите вашата коса во вид на донација? Тие изработуваат бесплатни перики стриктно за деца кои се борат со бое-лста!“ објави Розман на својот Фејсбук профил. Таа е дипломиран дефектолог, редовен крводарител и волонтер во Црвениот крст.
Во 2018 година, Емилија победи на изброт за Мис интернационал туризам, кој се одржа во Бугарија, во Свети Влас. Победничката титула, таа му ја посвети на својот упокоен татко.
„ Среќна сум што по толку настапи на интернационално ниво успеав да и ја донесам круната на Македонија. Оваа победа како и сите други во мојот живот, му ја посветувам на мојот татко, кој за жал не успеа да види како победувам на некој избор, ама се надевам дека гледа од некаде и се радува за мене”, изјави Розман за Женски магазин.
Убавата Мисица сега пак се пошегува на своја сметка откако на Фејсбук се појави објава која вели: Само Емилија Розман никој не ја сфаќа сериозно кога ќе рече – ДА! Таа по ова се запраша, дали е ова причиата што таа не води љубов?