Перо Камиказа раскажа интимна приказна и рече дека ќе победи на изборите (ФОТО)

0

Откако деновиве се пишуваше дали музчарот Петар Георгиевски- Камиказа ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје или не поддржан од партијата Левица, и тој ги праша своите пријатели што мислат, се огласи Димитар Апасиев на Фејсбук:




„Конечно, се разбравме. Одиме!“, напиша Димитар Апасиев, пратеникот од Левица на својот Фејсбук профил објавувајќи селфи со кандидатот за градоначалник Петар Георгиевски.




Камиказа на својот профил пак раскажа приказна што е поврзана со групата Меморија која се реобедини во 2017 година и направи концерт, а ја поврза со неговата кандидатура.




Инаку, Меморија тогаш ја наполни Метрополис арената, и всушност тоа беше последниот настан во оваа сала пред да се сруши. Многумина ги пееја хитовите „Дирлада“, „Оган под ѕвездите“, „Нена“ и други нивни стари песни.




-Кога тргнавме со Меморија да го спремаме концертот и го објавивме нашиот reunion, многумина скептици по ФБ плукаа по нас и велеа: кој ги слушал Меморија у наше време ,па сега после 25 години тргнале со амбиција да ја полнат Метрополис Арената!




Велеа тие не можат да ја наполнат месната заедница, а камо ли сала од илјадници луѓе. Ајде што велеа дека овој Petar Georgievski – Kamikaza е луд, но што мајка бараат и членовите да се бламираат заедно со него. Не се нормални!?!?!




Исходот од концертот го знаете, се сеќавате колку луѓе го посетија, салата беше преполна, а шабаните и изметоголтачите замолкнаа пред вистината од она што го видоа и слушнаа!




Некои од нив ја наведнаа главата, други собраа храброст и се извинија, а трети рекоа “ Све сељачаана отишле да ги слушаат и до даска ја напуниле онаа Метрополис.

Така ќе биде и сега, на 17 октомври кога ќе победам на изборите за градоначалник на Град Скопје.




Сакам да ви порачам на сите вас кои што слепо ги исполнувате партиските задачи и се трудите што повеќе да ме оцрните, ќе ви простам и ќе речам “Прости им боже, не знаеја што прават”. Но и покрај се ќе бидам тука да ви помогнам и простам …




Добро утро граду мој убав , ти ветувам дека ќе те направиме уште поубав и ќе те избавиме од канџите на “лукра-тивните”. Искрено, за поубаво Скопје Petar Georgievski – Kamikaza“, напиша тој на Фејсбук.

Претходна статијаСлаткар го покажа синот, луда забава на скејт парк по дождот (ФОТО)
Следна статијаНаташа Беквалац закопчана до грло ја прими третата доза, еве зошто е различна од Карлеуша (ФОТО)