Охриѓанец покажа како навистина изгледа Охрид откако се испразни од скопјаните (ФОТО)

0

Еден од најпознатите охриѓани е Жанко Голабоски, кој е инаку познат по својот прекар Зш, според групата во која членуваше тој своевремено. Инаку, тој е водител и глумец, но и планинар и велосипедист.

Актерот, радио и ТВ водител Жанко Голабоски, во неговиот Охрид познат како бате Жанко или Жанко ЗШ, со своето Здружение за планинарење, велосипедизам и еко култура „ЗШ авантура“ го поддржа Јане Велковски.




Приказната за момчето од скопската населба Хром кое боледува од спина-лна мус-улна атро-фија а е голем вљубеник во фудбалот го обиколи целиот свет.

За борбата со неговата бо-лест, тој доби поддршка од многу светски фудбалски ѕвезди: Фиго, Пандев, Елмас, Гомеш, а од Пол Погба доби покана да следи натпревар на „Манчестер Јунајтед“ во рамките на Лигата на шампионите.




Жанко и неговите другари планинари од „ЗШ Авантура“ ја реализираа акцијата „Планинариме за Јане“.

„По планините сум од својата шеста година, благодарение на татко ми. Сум бил на планина со извидници, планинари и екологисти. Планината е мојот втор дом, а можеби и прв, хахаха“, има изјавено Жанко во Женски магазин.




Ги има искачено сите врвови до 3.000 метри надморска вискочина, како во Македонија така и на Балканот. Триглав, Олимп, Мусала, Кораб Титов врв се дел од височините со кои охриѓанецот може да се пофали.




– Највисок врв ми е 3.000 метри надморска височина, а желба ми е бројката да достигне до 6.000 метри висина. Освен планинарењето, негова голема љубов и хоби е и велосипедизмот. Низ охридската чаршија, од „Летница“ до „Чинарот“, по кејот и по охридските плажи, често ќе налетате на Жанко со својот велосипед“, пишува во истото интервју.




– Денот ми почнува со будење нормално, хахаха. Прво си мавам еден шамар и ако ме заболи значи добро е, жив сум. И после како „свако живо биќе“ си мијам лице, уши, врат- така не учеа на школо, додуша јас миејќи го лицето ја мијам и главата, немам контрола.




И после се знајт- појадок, па ќе го јавнам точакот и правец во „Супер радио“. Ова се случува наутро од 7 до 8 часот.

Во радио почнувам од 8 со утринската емисија „Охриде не бери гајле“ заедно со диџеј Тони Џомба , и еве ја тераме 14-тата година. Е сеа, велет првото кафе испиј го со тој најмногу шо го сакаш, а тоа значи значи сам, хахаха.




Но, јас го пијам со колегата и некој слушател кој ќе помине во радио. Нормално ги канам на кафе со зборовите: „Повелете на кафе, и донесете кафе и шеќер, вода и плинско имаме“.




Инаку, кафето е малку специфично, го правиме со инстант кафе, мед, цимет, путер може и малку кокос.

Не е шега, пробајте. Топ е! И така до 10 во емисијата, позитивен утрински муабет, одбрана музика и со нашите сограѓани заедно го фаќаме ритамот на весела дружба“, има изјавено Жанко за своите ритуали.




Сега, денот не знам како мојт да завршит. Можит и в кафана, ама најубо е на слава или визита пошто на гости не се плаќат.

И така раздвижено, цел ден се е блиску, за 5 минути си до која сакаш дестинација во градот (со точак нормално) ќе се видиш со повеќе луѓе, нешто ново ќе научиш, ќе помогнеш и така.

То е предноста на мал град, Охрид, не знам шо избегаа у Скопје?“, објасни Голабоски.

Утрово, многу пријатели коментираа на неговите слики како сам вози низ Охрид и тоа во 6 наутро и вели:




-Се испразни градот. Да ти паднит точкот немат кој да го кренит. Готово сезоната ојде
Ај ДОБРО УТРО и ДОБАР ви ДЕН

Претходна статијаСоња и Јохан ги изненадија пријателите со оваа промена (ФОТО)
Следна статијаОва беше најголемата љубов на Весна Змијанац, ја откачи поради друга жена и на многу чуден начин (ФОТО)