Агнеса стана заштитно лице на познат светски бренд, Орданоски пак, се пофали што постигнал во Албанија (ФОТО)

0

Поранешниот директор на АЕК Роберт Орданоски на почетокот од годинагва беше актуелен по разделата со Агнеса Органџиева, која работи во секторот за маркетинг во Ад за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за РМ.




Орданоски јабно раскажа дека тој е сам на зимување со двете ќерки а дека неговата сопруга немала време да ги дружи затоа пто ги подготвува документите за развод откако му рекла дека од него се оладила. Тој во тоа време даде интервју за ММС во кое рече:

-Па на роденденот на Вивиен во моменти на очај го напишав тоа што го напишав без да мислам дека тоа ќе предизвикува внимание. Ама тоа е факт, дека 90 проценти од своето време го посветува на себе, на нејзиниот изглед, на нејзините вештачки трепки, нокти, коса.




Нема вештачки корекции, природно е убава и затоа јас се вљубив. Само ми е поубава кога не е толку многу нашминката. И сум и го рекол тоа. За на Водно саат време се шминка. Со децата сега разговарам цело време, нормален родителски начин. Им кажувам дека можеби нема веќе сите да живееме заедн“, рече за ММС Орданоски.




– Преголемите емоции кои ги чуствував тој момент, кој требаше да биде семеен, но испадна да биде без мајка ѝ, по нејзина желба, доведоа емоциите да ги споделам со сите, без намера да подигнам прашина, но сепак, да укажам на некои девијации во нашето општество поттикнати од разноразни ријалити емисии, каде девојките се натпреваруваст која повештачки ќе изгледа, притоа занемарувајќи го основниот фундамент на секое општеството, а тоа е семејството.




Во таков филм, за жал, упадна и мојата сопруга Агнеса, која сè повеќе време си посветуваше на себеси, сè помалку на нас тројца. Секојдневни третмани на фризери, козметичари, итн, секојдневно фотографирање и постирање фотографии со цел добивање лајкови и нејзина глорификација, мене ми изгледаат погрешни за здравјето и функционирањето на едно семејство, уште повеќе што јас сум скромен човек и ги учам моите ќерки да бидат такви.




– Во Агнеса се вљубив на прв поглед во јуни 2002 година, истиот месец започнавме врска, во Април 2003 ја носев на моето наградно патување за менаџер на годината од „Т-Мобиле“ во Рим, од каде што се вративме со најубавата вест што човек може да ја добие, Агнеса беше бремена со ќерка ни Вивиен. Во септември истата година се земавме, во јануари се роди Вивиен.




Тој период бев директор во Т-Мобиле, со исклучително добри резултати во работата, за што постојано бев наградуван од странскиот и нашиот менаџмент на компанијата. Во 2010 година станав директор на АЕК, во март во 2012 се роди втората ќерка Тифани, мојот живот ја доби најдобрата содржина што еден маж и татко може да ја има.




Минатиот септември правевме 17 години брак, во декември Агнеса наполни 37 години, големата разлика во години, 15, се обидував да ја менаџирам на начин да и јас се однесував како да имам 37 години, излегувавме и се дружевме со нејзини другари и другарки. Сè до кобната недела, што се случи и зошто, искрено, не знам, мислев дека имам идеален брак, а така мислеа и сите што не познава“, изјави тој во Женски магазин.




– Брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи! Вознемирена сум поради децата, јасно ми е како ова ќе се одрази на нив, тие се во период кога растат, созреваат. Кога една жена се грижи за својот изглед, најлесно е да биде обвинета за афери, да се нарече спонзоруша, да ѝ се прикачуваат невистини кои ќе ја прикажат во лошо светло.




Многумина ќе се ситат, лавини од невкусни коментари, без да се помисли на емоциите на овие деца, жално е сето тоа… Но, ме изненади поддршката која од вчера ја добивам од огромен број жени и мајки, кои дури и никогаш не сум ги сретнала во живот – изјави Органџиева за „Фокус“.

По неколкумесеќната сага, Орданоски на Фејсбук и се заблагодари на Агнеса за сите 18 години заеднички живот и рече дека продолжува по својот пат, постирајќи на песната од Френк Синатра, My Way.




Агнеса изминатиот период беше на одмор во Сани Бич, луксузното летувалиште во Грција. Од одмор слики објавуваше и Орданоски, и тоа од Драч, Албаија со своите ќерки.

– Се што е убаво има и свој крај … Така и овој одмор во Драч … Благодарност до домаќините за прекрасното време поминато овде…




Голема радост доживеав гледајќи како туристи од регионот слободно ги користат своите мобилни телефони за комуникација со своите дома, сите коментираа за Балканскиот роаминг кој неколку ентузијасти на чело со Пиро Xхиxхо, колегите од регионот и мојата маленкост го инициравме уште пред 7 години и на дело докажавме како регионот може успешно да функционира …“, објави Орданоски на Фејсбук.

Откако пак се врати од Сани Бич и Агнеса се пофали со една успешна бизнис зделка.

-Имам чест да ви претставам прекрасни и многу возбудливи вести! Преку анализи спроведени во Македонија, Србија и нашите околни земји, ја имав таа чест да станам бренд амбасадор на американска компанија која ви нуди прифатливи луксузни модни додатоци, чанти, чевли, облека и други додатоци по намалена цена.

Оваа компанија соработува со амбасадори на брендови низ целиот свет, и конечно се шири на Балканот. Отсега можете да го користите мојот код AGNESA30 за да добиете 30% од оригиналната цена на вашите омилени парчиња и брендови. Levelitupluxury работи со FedEx за брза и ефикасна достава до вашиот дом.

Дозволете ми да го споделам првиот официјален подарок од компанијата, Кристијан Диор чанта персонализирана со моето име …“, рече Агнеса.

Претходна статијаМими од Звезде Гранда на генерална проба за меден месец со Филип на егзотичен остров (ФОТО)
Следна статијаНа Дарко Лазиќ не му доаѓа памет, пак беснее со моторот и вози брзо без дозвола (ФОТО)