Пепита Танеска беше една од најатрактивните наши Тв лица, а и сега во педесеттите години изгледа одлично. Инаку, таа беше и пејачка, Пепита се обиде и на естрадата и има снимено неколку песни.
Откако специјализираше гинекологија, се повлече од јавниот свет и од 2003 година, живее во Словенија. На социјалните мрежи, Пепита споделува фотографии и вели дека ужива во својата професија и во здравиот начин на исхрана.
Пепита е обожавател и на Јордан Митев и на емисијата „Мерак меана“, па сподели сплет песни од Јордан и во оваа приолика порача:
-За сите љубители на прекрасната македонската народна музика . Јордан Митев со својата неповторлива интерпретација. Имајте убав неделен ден.
Таа неоедамна беше во Скопје и на Инстаграм сподели слики како ужива во својот роден град. Пепита исто така објави слики од својот син Давид. Кога во Македонија имаше пожари, Пепита сподели објава за тимот на пожарникарите од Слвенија кои стасаа да помогнат.
– Пристигна конвојот на Тимот за заштита од пожари од Словенија кој е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила“, напиша таа.
Пепита освен што работи во емдицината, стана и мотивационен говорник. Таа на Фејсбук сподели сертификат за оваа вештина кој го добила во Загреб, и порача да ѝ се јават сите оние кои сакаат да откриваат нови хоризонти.
Имам среќа што живеам во Љубљана, Словенија каде има голем избор на храна од органско потекло, која е многу достапна и со висок квалитет.
Мојот конфекциски број во бременоста беше 38, потоа ослабев 12 килограми и веќе 13 години сум број 40“, изјави Пепита за 7дена.мк
Пепита неодамна се врати дома, во Македонија и објавуваше слики од Охрид, каде што уживаше и се среќаваше со многу пријатели. Таа беше и на Свети Наум и оттами порача:
– Св Наум… бисерот на Охридското крајбрежје… магично, волшебно… енергија што треба да се доживее… секогаш одново како да е првпат… мелем за душата, рај за очите.
Ден од прекрасните залези на сонцето крај брегот на Охридското езеро… неповторлива убавина што може само да се доживее…
те сакам езеро мое… и секогаш со задоволство ти се враќам, твоите бранови се мелем за душата а боите на сонцето и езерото рај за очите…“
Таа исто трака сподели слика од својот син и напиша: Многу сум горда што сум ти мајка!