Турунџиева: Ако си мајка на деца кои имаат хроничен недостиг на татко, преживуваат само најжилавите

0

Не ми недостига пеењето бидејќи јас пеам секој ден“, изјави во едно интервју за https://hybrid.mk познатата пејачка, водителка, писателка и наставник по музичако образование Сузана Турунџиева.




– Секое лето имам неколку настапи на културните лета низ Македонија. Нудам програма која ја дополнувам и менувам според потребите. Француска шансона, негро спиритуали, италијанска канцона или Бродвеј можеби,




тоа е дел од програмата и од мојата душа, станува збор за некаква магија коа ме прави да се чувствувам како да не сум од ова небо. Има публика која ја сака таа музика и за нив секогаш одново настапувам.




Првата книга “Куфер со соништа” ми е издадена во 2007 година . Оваа книга беше поттикната од еден мој сон кој го сонував во годините додека ми се редеа прашалниците ‘зошто на брат ми мораше тоа да му се случи, зошто некои работи морале така да завршат…’




Никогаш не најдовме одговори кои ќе ни дадат објаснување зошто, кога му се случи сето тоа. И во еден сон се видов себеси како пишувам книга и како давам одговори на некои прашања.




Всушност, сонот го протолкував лично, а тоа беше дека јас морам да извадам нешто на хартија, да не трпам и да не потиснувам повеќе ништо во себе, затоа што сум човек кој длабоко во себе собира многу, се до еден момент додека не се почувствувам толку преполнета, што нема да знам каде да ја извадам целата моја тага.




Така почнав да пишувам“, изјави Сузана во истото интервју.

Сузана за жал пред пет години остана без својот сопруг Марјан, кој е татко на нејзината помала ќерка, Матеа. Сузе е инаку баба на Јаков, кој е син на постарата ќерка, Лора.




– Ах, има толку многу спомени… Се трудам да ги негувам и да ги сочувам од заборав сите… Веројатно затоа и требало да ја напишам книгата „Не вели збогум“ каде се овековечени најсреќните и најтажните спомени од Марјан.




Во тие редови кои и сама незнам како успеав да ги испишам во тие тешки и тажни денови, помеѓу секоја буква има по една солза. Почнав да пишувам утредента, после последниот поздрав со Марјан, и не престанав да пишувам 25 дена. Без престан…

Веројатно, тоа беше мојата терапија, и единствен начин да ги преживеам тие празни и болни денови и ноќи…




А Марјан? Марјан беше човек кој ме сакаше повеќе од сопствениот живот… Ако некој маж некогаш сакал жена, тогаш тоа е Марјан!“, рече Сузана во Женски магазин. Таа се сети на една објава од пред четири години во која покрај сликата со двете ќерки вели:

– Ако си мајка на деца кои имаат хроничен недостиг на татко, знаеш дека соништата се едно, а реалноста друго…




знаеш дека желбите се големи а можностите мали, но затоа секогаш имај на ум дека имаш две раце, кои секогаш треба да бидат доволно големи за силно да ги прегрнеш и заштитиш, и со многу труд, трпение, љубов и посветеност да ги водиш низ џунглата наречена живот, во која преживуваат само најжилавите…“

Претходна статијаМартин Вучиќ се огласи по долго време, подмладен и освежен (ФОТО)
Следна статијаПознат доктор ја цитираше Карлеуша среде стручно излагање, присутните во неверување