Фросина од Скопје во неколку наврати на својот профил на социјалните мрежи, дала дознаење на мажите кои пишуваат, дека не смеат да го прават тоа, доколку се женети. Во спротивно, таа јавно ќе ги обелодени пред нејзините фанови. Слична порака упати и денес:
„Сум кажала 100 пати и ќе повторувам додека не ве снема вас женетите од мојот месинџер. Одjебете. Не знам зошто си мислите дека сте на право место кај мене коа ви се еb е на страна. Значи презирам швалери во обид.
Таа сорта на мажи прво не се сака ни себе, а не па својата сопруга. А таа кај која се обидува преку фб да го брцне па ич. Не знам што си мислите кога ќе ми се обратите за да се запознаеме.
Си мислите дека ќе си речам: леле едвај чекав да ми пишеш, пошо си женет, а јас сингл и едвај чекав да ти бидам швалерка, втора виолина која ќе ја бараш само ако си слободен, додека со женичката си тераш одмор, ја носиш по слави и родендени.
Ти личам вака коа ме читаш на некоја што ќе прифати да биде втора и деградирана? Со самиот потег што си женет, а ми се обраќаш, е лична навреда за мене и ве презирам до см рт говеда егоистични.
Ако ви се ев е на страна обратете се кај спонзоруша. Има спонзоруши што и за сендвич може да ги ев ете.
Јас сум ништо или сè. Мене можеш да ме “купиш” само со љубов и внимание и ништо помалце од тоа, ама гледам дека инстинктот доминира над разумот и емоциите во нашево скапано општество. Јас сум од оние што безрезервно се даваат во секоја смисла само ако се сакани и почитувани.
Ништо помалце од тоа не прифаќам дури и по цена на доживотен целибат и самотија. Знам колку вредам и знам што можам да дадам од себе, затоа со трошки не се задоволувам. Мене можеш или да ме сакаш вистински или да одjебеш уште повистински. Трето нема.
Интензивна сум и категорична. Не прифаќам ништо ради реда, колку да се има некој. И кратко да трае, само нека е вистинско додека трае и нека се проживее со полни гради.
Швалерисувањето е за пи .ки у душа и после овој статус секој женет што ќе ми се обрати да се запознаеме ќе биде јавно објавен.
Ако некого сакам, јас му пишувам. Не знам што не ви е јасно? Престанете да се обидувате. Ме има со пораки таму кај што сум заинтересирана. А тоа може да биде секогаш само на едно место. Не играм двојни или тројни игри. Фер играч сум и ништо помалце не очекувам од другата страна.
Знам како функционира светот и денешницата за жал, се .с за една вечер, швалер, швалерка, дp ога, алкохол, ама јас очиглено не припаѓам во овој свет сведен на инстинкти, примитивизам и нечесност према себе и другите.
Во мојот свет има место само за љубов и лојалност и ако другата страна тоа не е во состојба да го понуди, одбирам да бидам сама.
Љубвта и лојалноста требаше да бидат нормална, секојдневна појава, ама станаа толку ретки, што премалце луѓе знаат да ги понудат. А човек го нуди само она што го има во себе. Фала многу, пријатно.“