Презентерот Спасе од Сител раскажа како се имунизирал: Ѝ реков на докторката: Па, не сум ти јас Карлеуша!

0

Во врска со имунизирањето против вирусот кое е сега актуелно, објава сподели презентерот на Временската прогноза на Сител Спасе Јовановски. Спасе на интересен начин раскажа:




Нови мeрки- Прв ден. (Проценти). Кафулињата и рестораните се со по 3 маси вклучувајки ги и келнерите!

Фактички доаѓаме до сознание дека ВИСОК процент од младината не е ВАКЦИНИРАН или пак НЕ САКА ДА СЕ ВАКЦИНИРА.




По горенаведените локали не е забележан процентот на граѓани кој е вакциниран, односно баби и дедовци кои се мал процент на потрошувачи на овие услуги.
И сеа, пак ја утнавме работата а?




Оние кои што беа НАЈПОГОДЕНИ за време на пандемијата (угостителите) со овие нови мерки повторно ПРОЦЕНТУАЛНО ќе одат во загуба. А младината?




Таа научена од претходните дешавки, спасот ќе го бара по паркови и клупи со пијачките во раце, додека држи топлово, односно до кај Октомври. А потоа? Потоа, сите по дома… у 4 ќе се стемни, студои ќе фатат!“, рече Спасе кој е познат по прекарот Рола До Бола и раскажа:




-Денес бев да се вакцинирам… Се упатив кон болницата, и како што се приближувам ете ти се собрале НОВИНАРИ, ФОТОРЕПОРТЕРИ, КАМЕРИ.

Им викам тамо на тоа одговорните НЕЛИ ВИ РЕКОВ ДЕКА НЕ САКАМ ФАМА И МЕДИУМИ КОЛКУ И ДА СУМ ДОТЕРАН… Они, “Леле Ролла, извинете ова она… ”




Па кружев ЦЕЛ КРУГ, ме однесоа у VIP делот. Доаѓа докторката ми вика, “ВООДУШЕВЕНА СУМ КАКО ЈА ВОДИТЕ ВРЕМЕНСКАТА ПРОГНОЗА, И ШТО СТАЛНО ПОГОДУВАТЕ!”




По ред муабет, и неколку селфиња, стига сестрата и ми вика да си одберам вакцина…
За вас Ролла до Болла, имаме Луи Витон, Гучи, и Прада. Со која би сакале да се боцнете?




Ја и викам БАЛЕНСИАГА НЕМА!? Она ми вика НЕ! За ваква ЅВЕЗДЕТИНА има да набавите! Отсечно им реков јас!

Треснав тоа смарт вратата и си заминав, нема БАЛЕНСИАГА не се боцкам бе!
Па не сум ти ја Карлеуша!




Претходна статијаПанчо: Бев на протест за кој се срамам дека воопшто бев – си заминав по 7 минути
Следна статијаПроф. Трајковски: Многу сме блиску до врвот – продолжува да се намалува преносливоста