Росана Сариќ покажа која е нејзината најголема љубов (ФОТО)

0

Јас сум супер бабичка“, рече во една прилика Росана Сариќ Тодоровска, во Женски магазин, за својот внук.




Внук ми Ноа е злато мало. Секој ден си одам кај него и ѝ помагам на ќерка ми, иако и таа и зетот се покажаа како многу совесни и добри родители.

За неколку дена ќе бидам на одмор, кој ќе го искористам во најубавото нешто за мене, а тоа е грижата за внук ми и помошта на ќерка ми. Ноа е мирен и добар, „љуби га баба“, рекла Росана кога внукот бил мал.




Тој сега има три години, а е инаку син на ќеррака на Росана и на актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупќе, Ивана, и зетот Џејмс.

– Во времето кога музичката кариера ни беше во цутот, постоеја концерти, фестивали, забавно- музички емисии, разни прослави итн. Работата што требаше да ја завршиме за една фотосесија, или за издавање албум со нашата музика беше огромна.




За нашата работа добивавме финансиски надоместок, но многу поважно е дека тоа, заедно со публиката, ни даваше полетност и сила нам, на естрадните уметници, да твориме уште повеќе, да бидеме присутни на сцената.




Начинот на живот, снимањата или прославите што траеја до доцна во ноќта, не дозволуваа да можеш да имаш и дополнителна работа во тоа време.

Кога работите почнаа да се менуваат и многу од горенаведеното престана да се случува, естрадните уметници започнаа да ја чувствуваат потребата да имаат и „секојдневна“ работа.




Таа нудеше поголема сигурност, плата на крајот на месецот, односно сигурна егзистенција. Не гледам ништо лошо во тоа уметниците да работат напоредно две или повеќе работи покрај уметноста со којашто се занимаваат.




Но, навистина жалам за тие убави времиња, за тие прекрасни програми со забавна содржина, за снимањето на новогодишните емисии, за дружбата зад сцена во текот и по завршувањето на фестивалите…тоа веќе го нема“, рече Росана неодамна во Слободен печат.




Пресреќна сум што и младите ја препознаваат убавината на нашите песни, кои биле направени и отпеани далеку пред нивното време.

Секое време си носи свои трендови и насоки во музиката, но евергрините со право ја носат таа титула и воопшто не ме чуди што дел од квалитетната музика се слуша до денес.




Ќерка ми, кога беше помлада, често знаеше да ме разбуди сред ноќ и да ми ја пушти „Признавам“ преку телефонот додека песната ечеше во некоја дискотека, а младите ја пееја на цел глас. Чувството е прекрасно и посакувам нашите песни да се пеат уште долги години“, рече Росана во истото интервју.




Таа но неодамна работеше во книжарницата „Култура“, а сега нејзиното внимание е најмногу насочено на милиот внук кој пораснал во вистински убавец.

Росана на Фејсбук ја сменила насловната фотографија на која е Ноа и со тоа покажа која е нејзината најголема љубов и горост.

Претходна статијаЏамбазов го поддржа колегата кој доби отказ и славеа уште од 9 сабајле (ФОТО)
Следна статијаДрагана Мировиќ од прва рака откри со кого е Жан Клод Ван Дам