Џамбазов го поддржа колегата кој доби отказ и славеа уште од 9 сабајле (ФОТО)

0

„Владо, ова не смее да помине!“, напиша пред неколку дена актерот Стојан Велков како поддршка на својот ко,ега Владимир Тулиев, кој доби отказ од Штипскиот театар.




-Колкава треба да биде причината и колку треба да биде сериозен престапот за да се даде отказ на актер со над 70 одиграни улоги, еден од носителите на репертоар во Штипски театар? Ако т.н. менаџери продолжат да се однесуваат вака, ќе си останат сами да си се менаџираат.




Театарот е соживот, а не место за демонстрација на моќ! Поддршка до колегата Vladimir Tuliev“, напиша колегата.

– Е да, драги мои колеги, пријатели и моја најдрага публико, после 42 год. од првата професионална театарска претстава, сабајлево ми стигна и ОТКАЗНО РЕШЕНИЕ!




Како и да е, не дозволувајте да ви плукааат на трудот, талентот и актерската креација!!! Не дозволувам ни ЈАС! Ви Благодарам за поддршката!“, напиша Тулуиев на Фејсбук откако доби отказ.

Многу негови колеги го поддржаа, а меѓу нив и колегите од „Преспав“. Во серијата, тој ја игра улогата на Дончп, најдобриот пријател на Миле, кој го глуми Игор Џамбазов.




Јас сум човек од културата како што велат, но денес ќе се симнам на нивно ниво за да можат да ме разберат и да се препознаат, а вие драги мои ќе ми простите на изразот кој ќе го употребам.

Актерката Кристина Атанасова- Арсова со Фејсбук статус ја раскажа состојбата во Штипскиот театар.

– За ТИЕ кои мислеа дека текстот „Крилја“ на Артур Копит е преведуван на google translate.




За ТИЕ кои имаа дури два обиди да го прочитаат, но стигнаа само до 15 страна. За ТИЕ кои велеа дека не е овој текст за ова време, наспроти мислењето на Министерството за Култура кое го одобри проектот.




За ТИЕ кои идејното решение за сцената борба помеѓу животот и смртта требаше да биде со кревање на актер на чига значеше каскадерство и најстрого го забранија со известување на огласна табла со потпис печат и штембил, се оградија од било какви повреди на работно место во идинина




За ТИЕ кои мислеа дека борбата со болеста афа-зија е не научен текст од страна на актерот на ден пред премиера.

За ТИЕ кои мислеа дека лице со оваа болест, во овој случај актерот има сиромашни движења на сцена, па треба да му се помогне.




За ТИЕ кои веруваат дека се сезнајковци па се вмешаа во изработка на сценографијата, на што резултат беа погрешни димензии на комплетната изработка, која повеќе од поливина е нефункционална и неупотребена. Кој ќе ја сноси одговорноста што половина од платената сценографија не е во претставата поради аматерска грешка?




За ТИЕ кои обезбедија надворешен член за шминка со индикација дека е само за основна шминка (се мислело на свадбарска, која не ја ни добивме) и забрана за правење потребни маски (во нашиов случај рани на главата).

За ТИЕ кои се сметаат за експерти за проблематиката со звукот и требаше да набават професионални звучници од буџетот на претставата, истите ТИЕ донесоа три караоке звучници.




За ТИЕ кои обезбедија фотограф кој ќе направи фотографии за плакатот и програма… па, на крај сами си го направивме. За ТИЕ кои сметаат дека нема потреба да се снима претставата.

За ТИЕ кои мислат дека за време на пандемија не е потребно да се чистат сцената, салонот, гримиорните… секој ден. За ТИЕ кои имаа наместено прес конференција, но не им успеа планот.

За ТИЕ кои лажеа дека е продадена премиерата за да докажат дека нема интерес за неа. За ТИЕ кои на з а т в о р е н а предпремиера канеа гости.

За ТИЕ кои лажеа дека е поканет селектор од фестивалот Војдан Чернодрински на предпремиера.




За ТИЕ кои ќе прашуваат преку примери од други театри дали во сите театри постои суфлер? (можеби набргу истото ќе биде преиспитувано и за тонец, осветлител, актер… верувајте, филмот не ми оди предалеку!)

За ТИЕ кои сметаат дека актерот сам треба да си ја продава претставата преку маркетинг низ кафулиња со кажување на вицеви и служење на пијалок. БАШ ЗА ТИЕ!“, рече актерката.

Игор Џамбазов е еден од оние што редовно се дружи со Тулиев, и тој објави фотографии од роденденот на актерот, каде што дојде со Илина Арсова и напиша дека уште во девет наутро почнала прослвата.

– Дончо на Бончо, први на роденден. Оште у 9 сабајле, пишува во објавата на Џамбазов.

Претходна статијаМакедонската манекенка Маја ја замени со српската Тинеа: Нашиот познат пејач во љубов со Србинка (ФОТО)
Следна статијаРосана Сариќ покажа која е нејзината најголема љубов (ФОТО)