Анита: Не е ваше право да си носите одлуки за себе – за ништо па камо ли за општо здравје

0

Статус на новинарката Анита Петровска- Рајковиќ:

-Морам да упатам јавен апел до надлежните – Мин. за здравство, Филипче, Кризен штаб, итн.. Под итно да ја преиспитате одлуката за мерката прележани ама само до 45 дена по..




Оваа одлука ви нема никаква логика кога вашите препораки беа прележаните да не се вакцинираат 3 до 6 месеци по ков-идот минимум, и да остават предност за вакцина за останатите..

како за вакцина препорака по 6 месеци, плазма ги повикувавте да донираат а сега ги ставивте во ист кош со несовесните и невакцинирани граѓани?!?! уште повеќе што така ги буткате да се приклонат на антив-аксерите..

Има начин – најдете го .. тест за антитела, или нешто слично.. А за оние кои дрва и камења фрлаат по вакцините имам да ви порачам :




1. не се вакцинираш за да одиш во кафана – туку за сопствено и здравје на блиските околу тебе !

2. Подобро со вакцина отколку без иако кај некои луѓе (ретко) вакцината не си ја завршила работата до крај..

3. престанете ко запета пушка едвај да чекате нешто негативно за вакцините и да удрите канонада од пораки.. како да молите бога да у…. луѓе вакцинирани за вие да урлате дека етееее вакцината не штити – ако и излезе (што нема шанси никакви) дека вакцината не штити ТОА ТРЕБА ДА ВЕ ЗАГРИЖИ А НЕ ДА СЕ РАДУВАТЕ дека сте биле во право.. зошто тогаш тешко на цел свет ..




4. цивилизациска придобивка е да кога не ти е арно да имаш на располагање лекови, апчиња, опера ција – со еден збор медицина.. ако не ја користите тогаш сте цивилизациски малку поназад и тоа без причина.. исто како да имаш компјутер, телефон а праќаш гулаби да пренесат порака..




5. демократијата и човековите права не значи дека се тука да ве штитат само вас и вашите желби – тие се уредени и ограничени во секое уредено општество за доброто на колективитетот..

И не не е ваше право да си носите одлуки за себе – за ништо па камо ли за општо здравје.. ај да ве видам донесете одлука да не плаќате данок зошто правото на приватна сопственост е гарантирано човеково право ( само ќе ви го земат станот ако не плаќате)




ајде донесете одлука дека имате слобода на движење па ваше право е да возите во спротивен правец.. итн итн.. така да доста крекате за нешто што сте чуле а не разбрале..

6. доста со онаа флоскула зошто потпишувате дека на ваша одговорност се вакцинирате, па некој на нотар да ви гарантирал бла бла бла …




никој не може да ти гарантира дека утре ќе бидеш жив – ама никој.. може да се обидат да ти го продолжат животот ама не да гарантираат.. тоа е исто со примерот – знаете ли зошто на ретровизорот мора да пишува ,, објектите во ретровизорот се поблиску отколку што ви изгледа,, или “objects in (the) mirror are closer than they appear”




затоа што некој паметен како вас и себичен наместо да признае дека сам е виновен што ја акнал колата он се вадел дека ретровизорот го измамил хахахаххахахаха и сега за такви ликови мора да пишува на сите ретровизори а совесен возач ќе си погледне лево десно и ќе вози внимателно и не му треба да му пишува во ретровизорот за да знае дека мора да внимава.. така и вие со вакцините – ама исто..

7. Вакцините не биле испитани сме биле опитни глувци.. вакцините кои денес се на располагање се истиот принцип на вакцини кои за други болести се користи со децении.. единствено фајзер е нова НО НОВАТА фајзер е испитувана 13 години за други болести и сега сите овие вакцини се само модификувани за ков-ид..




Дали може да се случи да не се ефикасни.. да може, ем секој човек е различен, ем во трка по заштита се направени најдобро што може во надеж дека ќе пружат заштита, но некоја од нив може ќе затаи и нема да даде очекувани резултати, може кај вас нема да делуваат но нема да ве убијат како што милувате да крекате – така да треба да се стиска за информации за ефикасноста на различните вакцини наместо НЕ за вакцини..

и од аналгин може да не ти помине глава, ќе ти треба нешто појако.. зошто се пуштени во оптек ако не се знае точно колку штитат ? – зошто човештвото соочено со невидена пандемија во последните 100 години итно бара начин за каква таква заштита и лек..




подобро нешто отколку ништо.. !!!! или според вас пошто нема стар лек требаше науката да крене раце и да не се обидува да најде лек или вакцина – и да се препуштиме на милост и немилост на вирусот па ко преживи причаче?? па и за време на шпанскиот грип кога медицината била многу поназад луѓето се обидуваа да најдат лек а камо ли денес во 21 век..

8. дали и вакциниран може да се зарази – (што ама ни под разно не е изговор дека ете не делуваат) чуваат глава на рамена ако ништо друго.. одговорот е да може.. зошто? во постовите подоле на мојот зид има одлично објаснување од лекар па прочитајте го да не го повторувам




9. зошто да се вакцинирате – исто пост подолу на зидот има од лекар кој правејќи паралела со пожар и пожарникари на многу едноставен начин објаснува зошто…
10. За крај не се правете лекари со прочитани 10 поста на фејс.. медицината не е, и не мое да биде хоби..

за да прочитате научен труд ви треба 6 месеци само терминологијата да ја разберете, а камо ли целиот труд.. неодговорно е за вашето здравје да се информирате од фејс и нет, па дури и од медиуми..




прашајте си ги вашите лекари, избраните на кои им верувате лично.. тие на разбирлив јазик ќе ви објаснат и дадат совет.. кога ќе ве стрефи срце не одите кај петранка на фејс, трчате на кардиолог.. ви ставаат стент (ова е и повеќе од чип хахаххаха) зошто тогаш не галамите дека има луѓе што и со стент у……??

стентот е обид да ви се продолжи животот и тогаш со двете раце потпишувате а сега се правите лекари !!!!

п.с ОВОЈ долг пост го пишав зошто деновиве имав неколку преписки со различни луѓе (антиваксери) со кои во круг и недоглед истиот муабет го верглаат како договорени – дури користат и исти реченици (ги прочитале некаде па сега удри) и се изморив едно те исто да го пишувам па вака на куп нека трепка..

Останете здрави и верувајте им на лекарите – тоа им е работа и животна професија.

Претходна статијаПисателот Драган Таневски објасни: И сега ни фуфка од многу работи, ама скокаме, дека кој ни е изборот?
Следна статијаМакедонската манекенка Маја ја замени со српската Тинеа: Нашиот познат пејач во љубов со Србинка (ФОТО)