Македонската манекенка Маја ја замени со српската Тинеа: Нашиот познат пејач во љубов со Србинка (ФОТО)

0

Тивко ја започнаа, но и тивко ја прекинаа љубовната врска познатиот музичар Стефан Филиповски од дуото „Некст тајм“ и манекенката Маја Ристевска.




Познатиот пејач наводно неодамна ставил крај на врската со манекенката Ристевска, а ги избришал и сите заеднички фотографии од социјалните мрежи, објави Слободен печат.




Причината за разделбата е непозната, а двојката се разделила пријателски. Инаку, Маја има еден брак зад себе, со фудбалерот Јован Костовски кој што траеше околу една година.




Стефан, пак, досега љубеше голем број на познати дами, а манекенките отсекогаш била негова слабост. Пред Маја, беше во врска и со Драгана Чуприна, но раскинаа после неколку години поминати заедно.

Стефан ретко зборува за својот приватен живот во медиумите. Кога беше во врска со Драгана Чуприна, тој во едно постаро интервју за Точка изјави:




Јас знам дека сум искрен кога станува збор за љубовта, секогаш пристапувам најискрено. Не барам девојка наоколу колку да имам, туку тоа едноставно се случува. Мене ми се случи многу спонтано, јас и нејќев да се заљубам во тој период, меѓутоа едноставно ми се случи.




Со Драгана се запознавме овде во Скопје. Мене и претходно ми беше доста симпатична, и така…не беше ништо планирано, се се случи онака како што требаше.“.

Сега, откако веќе не е со Маја, тој изгледа дека е во среќна врска во манекенката и блогерка од Белград Тинеа Б. Мартин објави слика со оваа убавоца, како уживаат на плажа и добија коментари колку се убави и емотикони- срциња.




Тинеа инаку живее во Виена и еве како Тинеа се претставува на свцоот блог: „Здраво на сите на сите!

Моето име е Тинеа (необично име, знам. Родена сум на 23 декември 1988 година во Љубљана и кратко време по моето раѓање, моите родители се вработија и се преселија со мене во Белград.




Основно училиште и гимназија завршив во Белград и откако се запишав на Социологија на Универзитетот во Белград, успешно се префрлив на Социологија во Виена и започнав нов живот, сама, во друга земја. Моментално сум вработена во Виена и имам високо образование.




Бидејќи многумина се заинтересирани за моето потекло (заедно со моето чудно име), решив да ви го откријам – јас сум дете на босански Краишник и славонски Далматинец. Но, бидејќи пораснав во Белград, Зборувам српски, и дома некој крајно необичен јазик.




Покрај тоа што пишувам блог, правам и музика. Во слободно време сакам да пеам и свирам пијано, понекогаш играм малку балет… и понекогаш добивам кастинг и сум фото -модел“, вели убавата девојка.

Претходна статијаАнита: Не е ваше право да си носите одлуки за себе – за ништо па камо ли за општо здравје
Следна статијаЏамбазов го поддржа колегата кој доби отказ и славеа уште од 9 сабајле (ФОТО)