Писателот Драган Таневски објасни: И сега ни фуфка од многу работи, ама скокаме, дека кој ни е изборот?

0

Писателот Драган Таневски е еден од најпопуларните на социјалните мрежи и неговите цитати често се споделуваат, особено кај женската публика. Тој неодамна порача:




– Еднонасочна комуникација. Народот има еден израз – “млатење празна слама”. Да се обидуваш да допреш до нечија свест не е воопшто лесна работа. Исус тоа го нарекол – “фрлање бисери пред свињи”. Некои умови едноставно не се отворени за нови идеи.




Колку и тие идеи во твојот ум да изгледаат брилијантно и привлечно. Мора да сфатиш, на секое платно не можеш да сликаш, па колку и да си добар сликар. И животот е баш тоа, вечна потрага на сликарот по совршеното платно. Да, Сликарот и Платното мораат некако да си се пронајдат.




Понекогаш сликарот го наоѓа платното, не не е ретко и Платното да си го пронајде него. Да си кликнат.

Инаку никогаш нема да се случи ремек-дело. А сликар без ремек дело, исто како и да не постоел. Не, не можеш на секое платно да сликаш. Некои платна едноставно се добри само за бришење под“, рече Таневски.




Тој исто така сподели цитат од неговат книга „Колекционер 4“.

– Ги сакам луѓето што се почитуваат себе. Ама не патолошки, нарцисоидно, туку онака, здраво и одмерено. Човек што се почитува себе, знае да сослуша, но очекува и да биде сослушан. За своите ставови и идеи комуницира отворено, но почитува факти.




Кога ќе сфати дека греши, се извинува и се корегира. Тоа не одзема, туку само додава на неговата величина. И кога праат муабет, гледаат директно у очи. У ствари не гледаат они во очи, туку право во душа гледаат.

Со нив си секогаш на чисто. Позицијата им е цврста како челик, а сепак мека како памук, за да не можеш да ги поместиш, а сепак да не се повредиш.




Иако со нив можеш да разговараш на секоја можна тема, сепак поставуваат јасна граница на вкусно и невкусно. Тие се тие инструктори за самопочит. Од нив можеш да научиш како да бидеш сосема свој, а истовремено целосно да припаѓаш некому.

Единствено луѓето што се почитуваат себе имаат капацитет да почитуваат и некој друг. единствено луѓето што се почитуваат себе имаат капацитет да сакаат со секоја клетка.




Дека денес секакви неискуства се нарекуваат „став“. Стварно, денес премногу колебања се нарекуваат „љубов““, рече Таневски.

Тој даде свое мислење околу актуелана состојба со вирусот и стравот кој повеќето го чувствуваат.




– Децо, не треба вас да ви мудрувам, вие се раѓате со две-три магистратури и бар еден докторат… Ама околу животот, работите стојат така – за ништо нема гаранција.

Се е ризик. Одењето по улица е ризик, возењето точак е ризик, летањето со авион е ризик, заљубувањето е – ризик. А најмногу од се – животот е ризик. Но, ако се научиш да ги прифаќаш овие ризици – си научил да живееш.




Како деца викавме – “мечка страв – мене не страв” и скокавме. Ни фуфкаше, ама скокавме. И сега ни фуфка од многу работи, ама скокаме. Дека кој ни е изборот? Да не се родиме?

Претходна статијаУбавата Емина Јаховиќ на мака за пари, а живее во луксузна вила
Следна статијаАнита: Не е ваше право да си носите одлуки за себе – за ништо па камо ли за општо здравје