Една од нашите најдобри пејачки е Елена Петреска која е сопруга на Андреј имајка на две деца, Софија и Михаел. Елена инаку работи во Националната опера и балет.
Таа редовно постира објави на социјалната мрежа Инстаграм, и со своите обожаватели споделува дел од нејзиното секојдневние, а во една прилика објави дека се со сопругот Андреј слават 9 години од свадбата.
А, по повод годишнината од бракот Елена напиша емотивна порака до сопругот: „ 9 години од свадба, уште 90 ми се малку со тебе! Те сакам Андреја“.
Инаку, Елена со видео раскажа како го поминала вирусот пред неколку месеци, и како поминала на Инфекфективната клиника 14 дена, а кога повторно беше дома со своите намили, таа на Фејсбук напиша:
-Конечно дома после 14 денови на инфективно заради ков-ид. Благодарам на Бог што се помина добро!
Благодарна сум сто си ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила!
Најискрено од срце се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Инфективната клиника, тие се моите Херои за кои имам многу да раскажувам, зошто ако ништо друго барем тоа им го должам, да знаат сите сто значи нивната посветеност и пожртвуваност во овие тешки времиња!
Сакам да ви казам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целост ќе ви ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре онаму каде што е потребно.
И морам да кажам (иако секогаш сум ги почитувала правилата) дека зборовите на министерот за здравство Венко Филипче во целост имаат значење од оваа перспектива. Елена Петреска сега го сподели статусоот на министерот Филипче кој вели:
-Министерството за здравство ја демантира информацијата објавена во вестите на Телевизија 24 која се споделува на социјалните мрежи, каде се тврди дека на Инфективна клиника најголем број од хоспитализираните пацинети биле со примени две дози вакцина.
Информацијата денеска не беше проверена во Министерството за здравство, ниту пак во КИБФС. Министерството за здравство тврди дека на Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 94 пациенти и само околу 10% се вакцинирани со две дози вакцини и истите се со полесна клиничка слика.
Министерството за здравство стои на располагање на сите медиуми секој ден и апелира сите информации да ги проверуваат и да ја информираат јавноста вистинито и точно. Ваквите погрешни информации ја доведуваат јавноста во заблуда и создаваат страв кај граѓаните во однос на имунизацијата.
Процесот на имунизација е многу важен, а медиумите се наш сојузник во борба со ковид пандемијата.“
Елена под ова напиша коментар:
– Искрено, веќе ја претеравте!!! Малку ли ни беше страв и стрес тоа што прележавме, па се соочувавме со пост ков-ид последици, анксиозноста уште трае, уште ги преживуваме траумите, па сега не дискри-минирате со условување за вакцинација?!!!
И која е полесната клиничка слика, каква е таа “лесна” слика чим некој стигнал до болница со две примени вакцини а истите ги примил токму за да не дојде до тоа?!
КАКО ДА СЕ ВАКЦИНИРА НЕКОЈ СО ПРЕЛЕЖАН КОВИД КОГА И САМИ ЗНАЕТЕ КОЛКУ ПАЦИЕНТИ СЕ БОРАТ СО ПОСТ КОВ-ИД СИМПТОМИ…ЕДНОСТАВНО НЕ СФАЌАТЕ ШТО ЗНАЧИ СТРАВ!!!
ВАС ВИ СЕ БИТНИ САМО ПРОЦЕНТИТЕ, ама ние не сме проценти, ние сме луѓе од крв и месо кои секојдневно се борат со своите стравови наспроти вашите убедувања!
Огромна почит кон сите медицински лица, знам како е сега на инфективно и знам колку непроспиени ноќи имаат и како грижливо трчаат од соба до соба да им пружат нега и психолошка поддршка на пациентите!
А на сите вас што ја водите дрзавава ќе ви кажам, ако не дозволевте кој сака да влезе во нашата држава без документ и на секој чекор свадби и ивенти без никакви заштитни мерки, сега немаше да дојде до ова! Вие сте виновни што не ја следите свеста на народот!
П.С. Сите веќе знаеме каде ќе вазат законите а каде нема да може да припарите а не пак да казн-увате!!!“, рече Петреска.