Загуби облог од жена му, и го смени личниот опис: Најпознатиот водител не личи на себеси

Познато е дека водителот Огњен Амиџиќ е во брак со манекенката Даниeла Димитровска, која е Македонка по потекло, и за неа ја има напишано песната Македонка, која ја испеа во Фламингоси заедно со неговиот за жал упокоен колега Маринко Маџгаљ.




Тие се во брак речиси десет години. Парот ужива во љубовта и го имаат синот Матија на кого се обидуваат да му дадат безгрижно детство.

Реално, најмногу сум горд на своето дете, на Матија. Што сега има пет години и што е здрав и нормален, фала му на Бога. Покажува високи знаци на интелигенција, ми изгледа како добро дете.




Шегата на страна, малку се шегувам, но навистина ми изгледа како добро дете, се надевам дека нема да го упропастам тоа до пубертетот“, искрен беше водителот.

Земајќи предвид дека и Огњен и Данијела се занимаваат со јавна професија, не е исклучено дека нивниот син ќе тргне по нивните стапки.




„Мислам дека не би имал проблем, сака да привлекува внимание. Воли да глуми, поседува енергија, не се плаши од нов простор, лесно се вклопува.

Еве, сега беше на екскурзија три дена, мислам дека не му ни текнало на нас, самостоен е, се вклопува и мислам дека би можел да се занимава со јавна професија. Но ќе видиме“, истакнува гордиот татко.




Помалку познат е фактот дека водителот има брак зад себе, со неговата поранешна колешка. Огњен беше во брак со Милица Марковиќ.

Милица и Огњен се запознаа на телевизијата „Пинк“, додека Милица работеше таму за информативната програма, а се венчаа во 2006 година.




Тие беа во брак четири години, но ретко се појавуваа заедно на јавни настани, па приватноста ја чуваа исклучиво за себе.

– Едноставно не ми се допаѓа кога луѓето не сликаат заедно во јавност, бидејќи се обидувам да го чувам приватниот живот во тајност.




Огњен е јавна личност, но мојата работа е нешто сосема друго – рече Милица своевремено за српските медиумите.

Се разделиле откако завршила нивната љубов, но сепак и по крајот на бракот тие останаа пријатели.




Огњен Амиџиќ е препознатлив по неговиот хумор, но и по црната коса, брадата и витката висина. Огњен го загуби облогот од сопругата Данијела Димитровска, па мораше да го смени личниот опис.

Водителот мораше да ја обои својата коса во руса боја поради облогот и сега има нов имиџ.




Судејќи според неговата насмевка, можеме да заклучиме дека на Огњен му се допадна оваа промена. Останува да видиме дали и на Даниела ќе и се допадне русата коса на Огњен.