Огнен Јанески ја покажа мајка си: Да не ми беше еднава рака онеспособена за пишување, сигурно ќе имав ферман

0

Новинарот Огнен Јанески од ТВ 24в е горд на својот роден град Прилеп. тој на својот Фејсбук профил објави дека е среќен што е направен мурал на Блаже Конески во неговиот роден град.




-ЕДНИОТ И ЕДИНСТВЕН – БЛАЖЕ КОНЕСКИ НА МУРАЛ СО ПОЧЕСНО МЕСТО ВО ПРИЛЕП.
Прилепчани за Конески, тој – Џинот од Небрегово! Тој – кодификаторот на македонскиот јазик!




Сега, кога ни е најнасушен, како тогаш – кога бил уште посуштествен со неговата книшка, „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ издадена во 1948 година, која како сињак болскаше децении за денес повторно гроза на лишките да им создава.




Прегорд сум на сестра ми Jana, зет ми Goran (и двајцата како координатори преку најстарата ликовна колонија во Југоисточна Европа – Центар за современа ликовна уметност – Center for contemporary art),




а особено горд на пријателите и академските ликовни уметници Сања ЈЕЗДИЌ, Ферди БУЛУТ и Александар ЏИНГО кои го оживеаја Блажета со оџагарен поглед кој ѕуни над минувачите, а штурка во сечие уво, обнадежувајќи го да му милее „… јазикот, кој заправо е единствената наша комплетна татковина.“.




Овој мурал е вториот од двата, нацртани во рамки на проектот за изработка на два ѕидни мурала на уникатно избрани локации и две кратки документарни видеа за промоција и презентација на делата на Блаже Конески и Стале Попов.“, напиша новинарот.

Огнен неодамна доживеа немила случка. Имено, тој се здоби со повреди додека паднал на своето рабптно место, а целата случка тој ја опиша на Фејсбук:




-Исклучителна благодарност сакам да изразам до д-р Ведат Бектеши, сестра Суеља и дежурниот тим на Универзитетската клиника по хируршки болести ,,Св. Наум Охридски” – Скопје, што попладнево со брза реакција ми санираа повреда која заврши со четири конци на левата шака, откако паднав на работа, излегувајќи од студио.




Благодарност многу и за сите пациенти кои чекаа ред, а ме пропуштија пред нив, особено зашто крвавењето не запираше.

Љубов до моите најдраги Искра (струшкиот Шумахер), Лидија, Тони, Весна, Никола и Влатко, а и дежурните колеги на работа за грижата.




А да и Тина со која монтиравме по телефон додека бев на болница, за да може утре во вестите во 20 часот да го гледате најновото интервју од рубриката ,,Разговори за Конески”, со проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, на Телевизија 24.

Викендот може да почне. З’арно – з’уб’о“, напиша тој пред неколку дена.




Огнен ја покажа својата мајка Гордана која прослави роденден, и напиша емотивна посвета за неа.

Мајката Gordana денеска слави роденден! Да не ми беше еднава рака онеспособена за пишување, сигурно ќе имав ферман.




Но, поради тоа, сфатив дека едно огромно ТЕ САКАМ, МАМО е доволно за овој свет да биде уште поубав, додека ни е ѕвезда-водилка во животот.

Претходна статијаКристина Арнаудова не се откажува од реновирање домови ни на горештиниве: Овој дом го работевме без ни еден денар парични донации
Следна статијаГи снема од Македонија ама им тргна во Англија, овие наши музичари добија посебна чест во Лондон (ФОТО)