Кристина Арнаудова не се откажува од реновирање домови ни на горештиниве: Овој дом го работевме без ни еден денар парични донации

0

Познато е дека Кристина Арнаудова освен што е одлична пејачка и музичар е и голем хуманитарец. Таа во моментов напорно работи на проектот „Проект куќа со Кристина“, во која се грижи многу семејства кои живеат во социјален ризик да добијат убав и реновиран дом.




-Проект Среќа е здружение за деца со помалку можности и тоа отсекогаш бил фокусот. Сите наши проекти се однесуваат на создавање на поквалитетен живот и можности за децата со помалку можности и нивните семејства, со акцент на едукацијата и културата“, изјави Кристина за здружението кое постои веќе неколку години во Независен весник.




За секој проект се работи извештај на крајот на проектот, а и во текот на работата. На секој донатор, соработник му се испраќа извештај како и детални сметки, договори, и сл како би се задржала една од нештата на кои најмногу посветувам внимание, а тоа е транспарентноста.




Затоа и луѓето и компаниите сакаат да соработуваат со нас. Оној кој еднаш сораборувал со Проект Среќа знае како работиме. Во нашето здружение најчесто се донираат нешта, а не пари. Ние не сме од оние кои редовно добиваат грантови, во стотици илјади евра….

Волонтерски и без ниеден денар од никого- работиме на многу проекти, и со тоа сакаме да ја покажеме вистински грижата за општеството. Иако и јас би сакала да добиеме понекогаш и ние некој грант, државата да не поддржи, ама ете, надежта последна ум-ира.“, рече Кристина.




Здружението Проект среќа со кое раководи таа објави статус во кој опишува со какви се потешкотии се соочиле додека да го реновираат домот на едно семејство од Скопје.

-Другари и поддржувачи, пред повеќе од две недели, скоро во исто време со домот во Усје, го завршивме и домот на самохраната мајка на двајца тинејџери од Штип. Среќни сме што успеавме, и покрај многуте препреки што ни се случија во тој дом.




Од самиот почеток имавме голем проблем со пронаоѓање мајстори. Едвај најдовме, и тоа заеднички со сопствениците на домот.

Не можевме да најдеме надзор за објектот, па тие беа и во улога на надзор.
Од претпријатијата побаравме барем превоз за шут и работна рака за да ни помогнат со транспорт на градежни материјали до 5 кат, ама не добивме ни таму позитивен одговор.




Но на крај успеавме да завршиме и да донесеме среќа за едно семејство, со комплетна трансформација на домот, и услови за живеење каде секој член ќе ужива во својот простор! Како изгледа целосната трансформација на овој дом ќе видите наскоро на ТВ кога ќе почне да се емитува емисијата Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina.




Овој дом го работевме без ни еден денар парични донации. Сите трошоци ги покривме ние самите од сопствени средства. Не очекувавме дека нема ни една компанија да одговори на повикот за вклучување во овој дом со финансиска поддршка, но ете, за се има првпат.




Но затоа поддршка добивме во материјали од компаниите кои секогаш се со нас, со поддршка и на неколку компании од штипската бизнис заедница. Благодариме на големите срца и општествената одговорност. Благодарност за волонтерите кои помагаa, Јуле и Милена од Штип!




Проект Среќа со собраните средства покри дел од трошоците, а дел од сопствени средства: Електрика, водовод, врата за тоалет, врата влезна, Мајстор молер, мајстор паркетар,

мајстор водовод, мајстор електрика, тенда, превоз и логистика, дел од градежни материјали, завеси, корнизи….




До следниот дом! Со нови сили, и надежи дека оваа наша мисија сепак некако ќе успее, и дека ќе ги отворите срцата за заедно да направиме големи промени!
Затоа што ние сами неможеме ништо! А заедно можеме многу! Прашање е дали сакаме?“

Претходна статијаПие пиво од чевел, се граба по пари – познатиот српски пејач го допре дното? (ВИДЕО)
Следна статијаОгнен Јанески ја покажа мајка си: Да не ми беше еднава рака онеспособена за пишување, сигурно ќе имав ферман