Спасе Јовановски е познат новинар, а во моментов е ТВ презентер на временската прогноза на Сител. Тој е инаку ПР на Лила Стојановска која е негова добра пријателка.
Тој неодамна на својот Фејсбук профил напиша: “ЦРВЕНКАПО” Пред точно 10 години, бев меѓу првите ако не и прв што облеков ЧИШ црвена патика… Тогаш коментарите беа: “Кај ги најде женскиве патики” “Пе. еp ски! У живот не би облекол” “Се знае кој носи црвена боја”
ЅВЕЗДЕТИНА ко мене, не коментираше нишо, пошо знаев дека сум 10 год пред сите.
Времето минуваше и од ден на ден, па се до ден денес, секој барем еднаш облече цревена патика…
Знаете како вели една поговорка. “Прво ќе ти се смеат, после ќе те копираат” Фото- Ролована архива 13 јан. 2011“, напиша Спасе на Фејсбук неодамна.
Тој на шеговит начин има коментирано за својата работа: Дои да ти бидам дечко!
Стално ќе имаш точна ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА!“. Во една прилика, тој ги чепна инфлуенсерите кои даваат совети на сториња на Инстаграм. Спасе напиша:
Абе фејкерки! Што така одамна ве нема да зборите за АНКСИ ОЗНОСТ за ДЕП РЕСИЈА да делите совети, да се пуштате ЛАЈВ по цел саат, со доктори со психијатри, со ПОЛУПИСМЕНИ САМОПРОГЛАСЕНИ експерти да прогнозирате и давате ДИЈА ГНОЗИ?А?
Или преку лето нема депресија, нема паничен напад, нема на кого да продавате бубрези пошо се чепатите на плажа пиете коктели и баш ве боли уво…
Па коа ќе залади, и нишо нема да ви се дешава, и секирата ќе ви падне у депр есија, повторно ќе си ИЗМИСЛИТЕ некој паничен напад, некоја бол ест и ќе смарате народ.
А вие драги следачи, на истите тие ИНФЛУЕНСЕРКИ кои лажно ви плачат на сториња, ви праат МОТИВАЦИОНИ ГОВОРИ И ПОРАКИ, се уклучуваат на пола саат со НАЈНОВИ теми од здравството наместо да им пишувате едноставно едно “Unfollow”.
Па кога ќе им треба ПАНИЧНО ВНИМАНИЕ и лајкови, нека плетат волнени чорапи и га-ќи на ЛАЈВ4Е… Барем за нешто ќе бидат од корист!“, рече Спасе.
Спасе патува на многу дестонации заедно со Лила, а овој пат тие заминаа за Турција, осносно Бодрум. Трет одмор по ред годинава… Нека се множат! По друм, по друм, одиме во БОДРУМ!“, порача тој на Фејсбук.
Се гледа дека презентерот ужива со стил во турското летувалиште, и тој објави слики во базен, со поглед на море и ја цитираше познатата песна од Пепи Бафтировски која вели:
-Еј ридови, сини мориња, сам ќе морам да ве пробијам…