Тијана откри кој најмногу ѝ недостига (ФОТО)

0

Тијана Дапчевиќ, познатата наша пејачка но и актерка во едно интервју за Глоси Епресо во Србија, во време на пандемијата изјави:




-Сфатив дека нема ништо од музика и пеење, без разлика што, нема леб таму. Како да не постоиме, а според овој нов закон, ние сме претставени како најлоши, а забавувачи сме- истакна пејачката за Стар.




– Како пејачи, тие заработуваат многу пари, како да имам дрво пред зградата од која земам пари. Се испостави дека е поради поединци, но јас ги плаќам даноците правилно и правам се на договор, сепак, сите сме претставени како да не постоиме, што ме изл удува.




– До септември нема телевизиски проекти. Беше убаво додека ја имав емисијата Вечер со Тијана во Скопје, но и тоа заврши. Единствено што ми треба за да продолжам со снимање е серијата, ситком во Македонија, каде што ја имам главната женска улога – додаде Тијана во Србија.




– Дотогаш, јас ќе готвам на Инстаграм затоа што се покажа интересно за пошироката јавност, бидејќи нашата Србија сака да влезе во вашата куќа, особено во кујната за да види дали имате некаде дамки – додаде Дапчевиќ. Таа во Женски магазин зборуваше за тоа како здраво се храни и здраво живее, и за тоа изгледа како што изгледа.




– Знаеш што, што се однесува до физичката активност и до исхраната, дојдов во тие години кога решив во сѐ да бидам умерена, да си го најдам баланост. Имам исхрана која ја применувам веќе со години и некоја рутина која ми одговара.




Сѐ е индивидуално, можам да зборувам до задутре, но дефинитивно најубавата исхрана што ја открив во последниве неколку години е липосукциската исхрана, и ја применувам еве веќе подолго од четири години и тоа ми одговара. Освен начинот на исхрана, редовно вежбам.“, рече Тијана.

Исто така, искоментира за тоа што постојано ја разведуваат од нејзиниот сопруг Милан, и порача во свој стил:




– Па, знаеш како велат: Кучињата си лаат, караванот си врви или Зад добриот коњ прашина се крева. Што поуспешен си, тоа повеќе непријатели имаш и повеќе луѓе коишто сакаат да ти прават сопки. Секогаш зборувам дека сум од оние што си гледаат само во својот двор.




Сакам да им помагам на луѓето кога се во неволја, така сум воспитана. Не обрнувам многу време на медимумите, кога им е здодевно си пишуваат што сакаат. Сите знаеме што е виситна. Јас маж ми си го сакам, тој мене ме сака, и тоа е тоа“.




Познато е дека Тијана многу ја сака својата помала сестра Тамара за која кога биле мали се грижела и ја чувала. Тијана во една прилика изјави: Сите сакаа кукла, јас сакав да имам Тамара и ја добив“, рекла Тијана која е постара од својата сестра десетина години.

Тијана е мајка на Вук, но и тетка на Хана и на Дарен кои неодамна ги виде кога беше во Македонија.




-Најмногу ме смеат син ми, Хана и Дарен, со нив е игранка без престанка, особено кога се сите тројца на купче, тоа е пресмешно. Вук ѝ прави „будалаштини“ на Хана, Хана му прави „будалаштини“ на Вук, а Дарен сето тоа го гледа од страна, како Тито и Кардељ ги гледа двајцата.




Како цртан филм му се тие двајца, зашто не можат да се доискажат. Секогаш кога се заедно, тоа се смешки. Од што се еуфорични се пресмешни. И многу сакам да ги гледам така на купче, кога се еуфорични и кога си прават „будалаштини“ едни на други. Кој поголема буда ла ќе направи од себе, тоа е врвот. Тие се моето богатство и мојата најголема љубов“, рече тијана.

Пејачката, откако се врати дома во Белград, сподели слика од своите внуци кои во моментов се на одмор со мама Тамара и откри дека многу ѝ недостигаат.

Претходна статијаСпасе од Сител си ужива со стил со Лила: Еј ридови, сини мориња
Следна статијаСања од „Брза кујна“ на магично зајдисонце (ФОТО)