Ѓоко Јовиќ лом го направија: во манастир не се оди како во теретана, а тој им возрврати (ФОТО)

0

Во една оприлика, познатиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ бепе гостин во емисијата Екслузив на ! Тв која веќе не се емитува, и зборуваше за уредувањето на домот.




– 80 проценти, уредувањето и го препуштам на мојата сопруга. Па, добро, заедничко е, но повеќе е на сопругата. Потоа, новинарот Зоран Василевски ја прашуваше и сопругата на Ѓоко за уредувањето на нивниот дом, а таа рече:




-Ѓоко верува во мојов вкус, и се согласува, а јас ништо не одлучувам сама без да се консултирам со него. Мора да ни се допадне и на двацата“, рече таа. Потоа новинарот праша: Како успеваш да се носиш со славата на Ѓоко, а сопругата одговори:




-Па, веќе ми е нормално. Можеби на почетокот, кога бевме млади ми беше малку потешко, ама сега ми е веќе се нормално“, рече Ивана а потоа откри која и е најомилена песна од Ѓоко. Станува збор за „Ѕвезда најсветла“.




-Мислам дека сите песни се за мене. Ние сме заедно скоро 12 години. Децата се музикални на татко им, сите три се. Јас не пеам, само имам желба за пеење, ама немам талент“, рече Ивана.

Потоа зборуваше дали е љубоморна на сопругот. „Не, не сум зашто му верувам.“, рече Ивана. Познато е дека Ѓоко и Ивана неодамна објавија дека нивниот дом наскоро ќе стане побогат за уште еден член. Имено, тие чекаат четврто дете.




Ѓоко во едно интервју за Женски магазин зборуваше за својата музика и за својот живот. „Следејќи го развојот на музиката, сфатив дека е дојден вистинскиот момент за да го реализирам мојот сон.

Трендот не знае да чека и мислам дека поп музиката е една од најактуелните во моментов на нашите простори, па затоа се одлучив за промени. Тоа не значи дека ја потценувам народната песна, но ете, тоа беше мојот сон, а соништата заслужуваат да бидат остварени.




Велат дека си онолку среќен колку што народот те поддржува и почитува, а морам да признаам дека мојата публика има огромно срце и будно ги следи моите настапи. Тоа се главно луѓе кои си ги сакам од душа, а таа љубов и почитта се заемни.




Меѓу тие луѓе има и личности кои ми се особено драги и на кои сум им помогнал без да чекам нешто за возврат, бидејќи сметам дека Бог е подготвен да ти помогне и да те сака онолку колку што ти не можеш ни да замислиш. Затоа треба и ние да ги сакаме другите и да им помагаме.




Се оженив и Бог ми подари три прекрасни дечиња и сопруга со неверојатно разбирање, па тука и останав да живеам. Животот не ми беше секогаш благонаклонет, но сега сум успешен човек, среќен татко и сопруг и најсреќен човек на светот.

Морам да бидам искрен и да откријам дека Теодора е тотален слухист, исто како и Михаил кој е еден од моите наследници и покажува огромен потенцијал. И Јоан е талентиран, но времето ќе покаже.“, рече Јовиќ.




Неодамна, фолк-пејачот беше во Бигорскиот манастир со неколку пријатели. Тие се прошетаа низ манастирот и објавија слики на социјалните мрежи. Но, фотките ги поделија фановите на пејачот.

Едни му напишаа да ужива, оти дошол на најубавото место во Македонија, но повеќето го искраа и коментираа дека и тој и пријателите дошле несоодветно облечени за во манастир“, објави Шило магазин.




„Тереатана ли е или манастир“, „Во манастир не се оди облечен ко за на вежбање“, „Малку аутфитот не ви е соодветен“, му напишаа фановите.

Но, Јовиќ денеска има посебна причина за славење, а тоа е деветтиот роденден на неговиот син кој му го честиташе со овое зборови: Нека ти е насјреќен роденденот лепотанче на тато. Биди благословен.




Потоа, тој ги обвини оние кои го осудија за облеката во манастирот. „Денес на моето синче му е роденден,а вие ми ја разубавивте вечерта. Јас немав што друго да облечам“, а не сакав да го одминам манастирот.А Некои луѓе ме осудија“, рече Јовиќ.

Претходна статијаЗошто Спенџарска му љубомори на колегата Роберт Јанков од Канал 5?
Следна статијаЏамбазов во легендарно друштво: Јас сум натрапникот што едвај се гледа