Порталот sdk.mk објави сторија за Охридски гзди кои преку ноќ ги покачуваат цените на апартманите на booking.com оти има мнгу гости.
Дел од гостите кои го испланирале одморот во Охрид и резервирале сместувањe онлајн преку Букинг реагираат дека газдите на апартманите им ја покачиле цената речиси за дупло на ден-два пред пристигнување. Оправдание за покачувањето им се наводни засилени протоколи за заштита“, пишува Сакам да кажам.
„Почитувани, поради новата политика на Букинг и нашата вила, како и засилените протоколи поврзани со ковид-19 ве известуваме дека цената на Вашиот апартман наместо 30 изнесува 50 евра по ноќевање за две лица.
Ве молиме Вашето присуство, односно резервација со новите тарифи да ги потврдите најдоцна до утре“, е пораката што ја добила скопјанка на два дена пред тргнување во Охрид.
Други пак се жалат дека биле изманипулирани и дека не им се почитувани резервациите.
„Резервиравме апартман преку Букинг 15 дена пред да одиме на одмор во Охрид. Кога пристигнавме апартманот беше издаден.
Охрид беше преполн со гости, не успеавме да најдеме соба и моравме да се вратиме назад во Скопје. За среќа, од Букинг ни ги вратија парите“, вели млад брачен пар од Скопје.
Четворица млади скопјани велат дека за продолжениот празничен викенд барале соба за двајца. „Едвај најдовме во Рача но кога им кажавме дека сме за два вечери не не примија“, велат тие.
Слична ситуација со проблеми со резервации раскажа познатат новинарка Берта Додевска. Но, ова не се случува само во Охрид, туку и во Хрватска. Додевска ја објасни ситуацијата:
-Дечки на сите проблеми летово, внимавајте и на ова:
Утрово ми се жалеа пријатели од Хрватска дека им е актуелен истиот проблем со booking како во Грција и во Охрид за празнициве.
Апартмани, повторувам – НЕ ХОТЕЛИ туку приватно сместување, изнајмено по два пати.
И покрај резервацијата, еден куп апартмани во Хрватска издадени два пати
Луѓе земале одмор, допатувале и си го нашле резервираниот апартман издаден за повисока цена.
Тоа дека booking има проблем за решавање сосема е извесно.. ама со температуриве и ризичнава туристичка сезона, се измести скроз компасот
Не знае кај тера..“, напиша Бета Додевска.
Потоа нејзина пријателка коментира дека слична ситуација имала во Прага. Таа вели:
– Тек мене шо ми се случи мила моја.Резервирав лани преку букинг за Парга,платив 147 евра,до јуни се ок,и наеднаш пропаѓа агенцијата од Чешка и не ми ги вратија парите Се одрав од мејлови праќање и во чешка и во букинг. Не знам појќе шо да прам..