Сабина Ајрула Тозија, познатата македонската актерка го напушти овој свет вчера, по долго и тешко боледување. Таа си замина на 75 годишна возраст. Актерката беше член на ансамблот на Драмски театар.
Улога која ѝ ја одбележа кариерата за повозрасните генерации е Фатиме од претставата „Солунски патрдии“, каде што ја имаше легендарната реплика „Кој мене викала“, а во последните години гледачите ја препознава како мајката по млеко на Сулејман Величенствениот од познатата турска серија.
Оваа серија беше популарна турска серија е една од најгледаните серии во 50 земји во светот, а во неа Ајрула имаше забележителна улога.
-И пред „Величенствениот“ Ајрула беше доволно позната актерка. Многумина ќе се согласат дека одигра маестрална улога во „Сенки“ каде што ја глуми лекарката Вера Перкова.
Тие што сакаат комедии ја паметат и како Грозда во „Салон Хармони“, во 1996 година ја доби наградата „Климент Охридски“, а истата година ја доби и наградата за најдобра актерка благодарение на Агнеса, за претставата „Игранка во времето на Лунаса“.
Со таа претстава Ајрула имаше големо враќање на сцената. Играа четири актерки на иста возраст : Ајрула, Мајда Тушар, Снежана Стамеска, Ленче Делова и Звездана Ангеловска, која ја глумеше најмладата сестра.
Освен на театарските сцени, активна е на телевизија и филм: „Итрата вдовица“ (ТВ филм, 1969), „Жед“, „Јад“, „Исправи се Делфина“, „Оловна бригада“, „Црвениот коњ“, „Јазол“, „Тетовирање“, „Ангели на отпад“, „Сенки“.
Играла и во телевизиските серии „Илинден“ (1982), „На наш начин“, „Солунски патрдии“, „Трето доба“, „Салон Хармони“ (1998). Во последните неколку години играше во ТВ-сериите од македонска продукција „Фамилијата Марковски“, „Зоки Поки“, објави Република.
Сабина пред неколку месеци била опери рана од тум ор на мозокот. Операцијата била околу Нова година, во Скопје, а веста за „Репортер“ ни ја потврди министерот за здравство Венко Филипче и семејството на Ајрула.
Од Сабина со емотивни зборови се простуваат многу познати актери, уметници, новинари.. „Сабина! Глум ците не умираат!“, напиша Драган Спасов- Дац.
Сабина Тозија, си замина и таа….секогаш насмеана, неверојатно духовита, одличен партнер на сцена, непредвидлива, истрајна, бунтовна, вредна, достоинствена. Со неа секогаш се смеев, знаеше да биде луцидна и игрива…на сцена и приватно…многу ја сакав. ама многу
Прекрасница моето најдлабоко сочувство Вардан Тозија ти ѝ беше целиот свет. Глумците никогаш не уми раат( така барем се тешиме) најголемиот и најбучниот аплауз за тебе Сабина. Тага“, напиша Весна Петрушевска- Бејби.
Драга моја и почитувана Сабинa. Секогаш бевме во контакт овде. Наеднаш ја изгубив твојата поддршка и се прашував што се случи. Пишував и прашував… Многу ми е жал.
Те мислев често и се надевав дека ќе комуницираме повторно овде или по сите карантини,мерки, пандемии и што уште не, ќе испиеме и едно турско кафе заедно. Патувај ѕвездо наша. Царство небесн. Почи вај во мир“, напиша пејачката Ребека Јанковска- Ристески.
Од Сабина се прости и новинарот Огнен Јанески кој напиша: „Исклучителна загуба за македонското и за турското глумиште. Права дама, железна кариера, отпорна визура, непробоен карактер. Стаменост и во најеклектичните избори, со втренченост кон секоја зададена или одбрана улога.
Ќе недостасуваш многу, драга Сабина. Истапкај ги и таму – горе, штиците кои живот ти значеја и во вечноста ќе те чуваат. Поч ивај во мир, ти небеснице“, рече Јанески.
Новинарката Ана Зафирова напиша анегдота врзана за Сабина, кога ја пречекала во Истанбул. Зафирова во објавата рече дека е пријателка со синот на Сабина, режисерот Вардан Розија. Сабина инаку беше мажена за познатиот трежисер Љупчо Тозија, поранешен директор на Македонската радио телевизија, кој овој свет го напушти во 2018 година.
– Еден трансфер преку Истанбул до Пекинг, и вишок 10 часа. Октомври, со дожд. Ме пречека како најдобра другарка, иако сум само пријателка на нејзиниот син. Седнавме прво на Таксим во кафулето на некој хотел избран од неа, потоа разбрав тој и бил прво сместување кога и се отвори кариерата во Турција.
Велеше “Таман си помислив со Милчо го доживеав пикот во кариерата ама Вардан пратил некои мои видеа и еве ме тука”.
Искусив 4-5 часа прекрасна дружба. Преврна, па не прошета и не однесе потоа на чај ама се трудевме да не сме многу меѓу луѓе, велеше “Многу сум популарна овде, баш сум глумица! Дури и забавите на Босфор ми се дел од распоредот.”
Многу знаев за неа како публика, малку искуствено лично. Тогаш ја доживеав.
За неа НЕ МОЖАМ во минато време, таа ќе живее вечно. Нејзиниот раскош, насмевка, отменост, образованост, широчина и совршен македонски јазик!
Сабина Ајрула Тозија“, напиша Ана Зафирова.
Од големата актерка се прости и министерката за култура Ирена Стефоска која напиша: Родена глумица со раскошен повеќедецениски репертоар на сцената и на филмот. Од Фатиме до Вера, до грандиозните турски продукции.
Сабина, дама и пријател. Ретка ѕвезда на нашите простори. Сабина Ајрула Тозија (17.04.1946 – 10.08.2021).“.
Од неа се простија и турските медиуми, објавувајќи слики од нејзиното учество во серијата „Величенствениот“.