Мајки од Дијаспората, пазете си ги синчињата – другарка ми ги лови, сака да си оди од Охрид

0

Дома од мала моите ме воспитуваа дека треба да го гледам школото на прво место. Да завршам средно и факултет обавезно, за да можам да имам добра егзистенција и да не зависам од сопругот.




Млада сум уште за планирање брак, тукушто се запишав на факултет и од октомври ќе почнам со факултетската наобразба на правен во Скопје. Но вака размислувам и сум воспитана јас. Моите другарки очигледно добиваат поинакви инструкции од дома, или едноставно се поинакви од мене.




Марија ми е другарка од 4 години. Заедно одевме во градинка. Од исто маало сме тука во Охрид и цел живот сме заедно. Сме делеле кукли, облека, сме излегувале, заедно по екскурзии од школо во основно, сегде.




Но како потпораснавме, Марија како да е сменета. Сега не размислува баш како мене и приоритетите во животот и се многу поинакви од моите. Марија ме зачуди уште во јуни, кога рече дека нема да се запишува на факултет во тој уписен рок, туку во август, септември.




Кога ја прашпав оти така, ми рече дека размислувала да оди и да студира во странство. си реков ОК, сигурно ќе аплицира за некоја стипендија и може и да и успее. Во дел од секунда и јас помислив да го направам истото, но се премислив. Ќе ги разочарам мама и тато, кои се живи среќни што ќе студирам во Скопје.




Сега летово, со Марија сме скоро секој ден излезени. Прв на плажа преку ден, најчесто одиме Градиште или Лагадин, па после вечерта на шеталиште, па во некој клуб навечер.




Приметив дека Марија ме влечка да стоиме блиску кај што ќе забележи дека има друштво во кое има некој од дијаспората. Во Охрид летно време е полно со нашинци кои живеат во Шведска, америка, Австралија, Германија, Италија и насекаде низ Европа.




Не ми текнуваше искрено што и е идејата, дури сама не ми кажа. Ми рече: Саро, јас морам да фатам некој од странство, МОРАМ. Да си одам од Охрид и да ѓивеам во некоја Европска земја, едноставно морам.




Оти да мораш, ја прашав. Шо и фали тука? Твоите се просечно накај добро ситуирани, ништо не ти недостигало. Што е сега работата? Нели ќе бркаше стипендија за да студираш? Зар сакаш да се мажиш сега?




Слушај Саро, да се мажам сега одма не, но би отишла кај некој како девојка за почеток, па оти и да не се омажам, ми рече!

Се уште со неверување ја гледав, еве и два дена после тој муабет, но тоа е. Марија решила и од тој момент почна да ми станува јасно зошто сето тоа кокетирање со машки, дури и невкусно, женско да се пушта на непознати, за кои ќе дознае дека се од дијапората.




Не се сомневам дека ќе најди некој. Убава и привлечна девојка е, но сум сигурна дека некого ќе прелаже, бидејќи и ја знам предумислата. Таа сака да оди негде поради статус, не поради некој шо ќе го засака.

Мајки на деца од дијаспората, чувајте си ги синчињата, не знам шо да кажам повеќе!




Обработи: П.П.   Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаОва е домот на познатата водителка и писателка Јелена Бачиќ: Луксуз како од бајка (ФОТО)
Следна статијаД-р Нико Беќаровски: Настинката не ви е ниту од климата, ниту од испотената маица – ве молам истестирајте се