Александра од „Брза кујна“, му порача на сопругот: Време е! (ФОТО)

0

Во моментот кога се повлече од шоуто „Брза кујна3 кое го водеше неколку сезони по ред, Александра Илиевска ја објасни причината во интервју за Вистина.мк.




-Посакувам ова шоу да живее долги години бидејќи е извондреден проект на кој работи одличен тим, пред и зад камерите. Јас сум дел од тимот, но во оваа сезона како гледач и најголем поддржувач бидејќи на пат е најубавото нешто што го посакуваме со сопругот, принова во семејството“, рече Александра тогаш.




– Паузата која секогаш ја имаме од сезона до сезона на „Брза Кујна“ ми е исполнета со работен ангажман. Речиси година и половина сум одговорно лице и задолжена за маркетинг и ПР во салон за убавина во центарот на Скопје, ,,Шарм“.

Интересна нова област за работа во делот на убавина која ми донесе нови предизвици и работни обврски на кои во целост се имам посветено со цел да дадеме нов пристап и услуга која ја заслужува секој маж или жена, секој кој сака да одвои време за себе и да си даде нега за пристапна цена“, додаде таа.




Таа и нејзиниот сопруг Александар се сега родители на Сара и во една прилика, во интервју за Женски магазин, таа зборуваше за својата ќерка:

-Породувањето беше магично, огромна е мојата благодарност до д-р Горан Кочоски, од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје кој ја следеше мојата бременост од самиот почеток.




Тој заедно со целиот стручен, професионален тим од ГАК беа дел од најважниот ден за мене и моето семејство и придонесоа да истиот е најубавото и позитивно искуство, крунисано со живо и здраво бебенце.




Насоките од медицинските сестри присутни на самиот чин, водењето од докторот низ целиот процес направи да се помине природно, а нема да заборавам дека и од самиот настан пративме фотографија до Александар само десетина минути по породувањето за да го известиме дека сè е во ред и има нова улога, татко.




Сара е прекрасно бебе и секој ден ни ги растопува срцата. Непроспиените ноќи и исцрпувачкото секојдневие веднаш ги забораваме откако ќе ни подари макар и мала насмевка.




Првата нејзина насмевка беше вистински посебен момент. Кога прват ја земав во прегратка знаев дека таа е вистински благослов“, рече Александра за својата ќерка а зборуваше и за својот сопруг.




– Со Александар се запознавме преку моја другарка од средно, и живoтот не би можела да си го замислам како би ми се одвивал да не го запознаев бидејќи ми е најголемата поддршка во секој сегмент од животот.




За да ги опишам неговите најубави особини и најважни квалитети ќе ми требаат многу зборови и ова интервју ќе е најдолгото, па затоа ќе кажам наједноставно дека тој е сè она што јас посакував“, рече таа за сопругот.




Александра објави слики од својот имењак- сопругот Александар на местата каде што патувале заедно и на интересен начин му го честиташе роденденот. Време е да славиме и да патуваме“, напиша таа.

Претходна статијаЛазар Бараков ја покажа ќерката: Фала Богу, не тргна по татковиот тpнлиб пат (ФОТО)
Следна статијаОва е домот на познатата водителка и писателка Јелена Бачиќ: Луксуз како од бајка (ФОТО)