Македонските народни приказни се омилени кај сите генерации и се’ уште атрактивни и уникатни и по својата содржина, реализација, актерска изведба… Ги гледаат и се потсетуваат на нив и повозрасните, им се радуваат и учат од нив и поновите генерации.
Се разбира, денес повторно се снимаат нови серијали, со нови помлади актерски ликови, иако се чини дека најзаслужни за нивната популарност се токму актерските легенди како Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски, Стојна Костовска, Кире Печијаревски, Лазар Бараков….
Бараков неодамна објави дека за нив актерите нема студено или топло, тие овие денови интензивно работат на снимањето на новите приказни и на плус 40 и кусур степени..
Владо, Шенка, Гоце, Лазар, Ели, Дубравка, Љупчо, Кирил и останатата екипа снимаат и на -22 и на +42 степени за во Септември да имате и гледате нови епизоди, ептен тазе.
Tрадицијата продолжува“, објави актерот. Лазар потекнува од струмичкото село Мокрино.
Денес тој ужива во седмата деценија од животот со сопругата Лилјана и децата Македонка, Викторија и Александар.
Бараков е многу горд на својата ќерка Викторија, која е сега дел од тимот кој работи на новиот шопинг центар East Gate Mall. На Фејсбук старана на шопинг центарот беше објавено:
Запознајте ја Викторија Баракова, дел од тимот кој работи на креирање на East Gate Mall
„Повеќенаменски центар за шопинг, забава, храна и рекреација, со низа активности за сите возрасти и вкусови.
Сѐ што сакате, ќе добиете овде. За мене, Ист Гејт е едно големо искуство што ќе ми помогне понатаму во мојата професија, и сум многу среќна што сум дел од овој проект“, вели Викторија Баракова, тенант координатор!
Потоа, Викторија во интервјуто за eastgate.mk чијшто линк е постиран за себеси и за своето животно мото вели:
Моето утро започнува со шолја зелен чај проверка на електронската пошта. Делам канцеларија со нашиот Тeam Leader, а тоа секако е огромна предност. Комуницирам со повеќе од 50 луѓе дневно.
Посебно овој период станува се подинамично бидејќи закупците ги превземаат локалите и комуникацијата со луѓето вклучени во процесот се одвива интензивно.
Моето мото е биди посилен од своите изговори, направи работите да се случуваат и изненади ги сите околу себе. Ништо не е тешко кога се работи со љубов.
Mоето хоби се патувањата. Слободното време секогаш го користам да посетам некоја нова дестинација. Голема желба ми е да го посетам Мексико, се надевам дека по пандемијата ќе ја имам таа можност“, рече ќерката на Бараков. Тој на овој начин ја сподели објавата за својата ќерка:
-Ќерка ми Викториа Баракова, како првоодделенка , беше дел во некои од приказните со Колозов – незаборавните… Фала му на Бога, не тргна по татковиот трнлив пат… одбра друга Уметност – Архитектурата. Сè што се работи со љубов и душа е Уметност. Животот е уметност…