Најголемата балканска ѕвезда, Цеца Ражнатовиќ, неодамна одржа концерт во Врњачка Бања, стадионот беше преполн и ги публиката пееше хитовите со неа во дует до самиот крај.




Цеца за оваа прилика избра долг црвен фустан со длабок шлиц, како и афро фризура. Новата слика предизвика многу пофалби, а потоа пејачката блескаше во провокативно бикини.
Таа ги изненади своите обожаватели и следбеници на Инстаграм кога објави слика на која позира во бикини која ги истакна нејзините бујни гради.




Покрај тоа, рамниот стомак на Цеца ѝ беше во преден план, а многумина коментираа дека таа воопшто не се менува со возраста, и дека нејзината линија е совршена.
По спектакуларниот настап, таа даде едно од интервјуата во целосно опуштено издание – и на изненадување на многумина, Цеца беше облечена во бањарка.




-Не ми е тешко! Имам вишок енергија, навистина уживам во моите концерти и мислам дека може да се види – рече Цеца на почетокот на разговорот за емисијата „Ексклузив“.




Во оваа прилика, таа откри и зошто се уште нема нови песни, иако публиката со нетрпение ги очекува. – Замислете кога би се одлучила никогаш повеќе да не снимам ништо ново, имам доволно хитови во кариерата.
![]()
![]()
![]()
![]()
Многу би сакала да снимам нешто ново, но чекам Марина Туцаковиќ да ми даде зелено светло и да бидам способна да направам нешто ново – истакна пејачката.
На крајот, таа се осврна на успешната боксерска кариера на нејзиниот син, и го сподели интересниот потег на Вељко по победата на последниот меч.




– Дојде дома, закачи медал и рече: „Мамо, ти го давам овој медал и сите идни појаси ќе ги освојам“, открила Цеца.

Пејачката Александра Младеновиќ не крие колку е ентузијаст за Богдан Срејовиќ, сегашното момче на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, и признава дека и таа би сакала да најде таков партнер кој ќе и биде голема поддршка.




– Не ја знам Цеца, но го запознав Богдан. Тој е културен и нормален, немам што друго да кажам за него. Одлично им оди заедно, одлично се сложуваат, и тоа е најважно. Би сакала и јас да бајдам некој таков, блазеси ѝ на Цеца.




Најважно во нашата работа е да имаме некој што не поддржува. Кога ќе најдам маж кој ќе ми даде таква поддршка, тогаш ќе покажам каков маж имам – вели таа за 24sedam и откри дали има свој тип на маж.




– Немам посебен тип на мажи. Можеби кога ќе сретнам маж и ќе започнам некоја преписка и дружење со него, можеби би сфатила дека ми се допаѓа.

Не можам да го знам тоа, но мора да има хемија. Секако, физичкиот изглед ми е важен, но поважно ми е да е добра личност, да е интересен, да има со што да се истакнува.





























