Водителката Елена замина во Хрватска со дечкото, за да го запознае со фамилијата (ФОТО)

0

-Мојата кариера постојано е поврзана со радио, ТВ емисии, мода, стил, па никогаш не сум размислувала да ја променам професијата.




Меѓутоа, ако не би ме гледале во улога на автор и водител, дефинитивно би била во уредувачка политика на некој медиум каде би го пренесувала своето знаење и би создавала одлични проекти“, изјави водителката Елена Стефановска во едно интервју за Женски магазин.




Таа е позната по емисијата Живот со стил која е нејзин заштитен знак.

-Сметам дека пред се треба да се биде практичен во остварување и достигнување на зацртаните цели.

Не сум научена да седам и да чекам, сè да ми биде сервирано на маса. Иако има многу суета во светот на бизнисот, секогаш се трудам да се приземјам и суетата да ја оставам на страна, додека работам и создавам.




Амбициите ме водат за поголеми успеси, камерата ми е најголемиот заводник, а приказните на познатите ми отвораат нови хоризонти. Сето тоа од другата страна на камерата, од страната на гледачите изгледа убаво, лесно и едноставно.




Но, од оваа, нашава страна е поинаку, треба постојано да бидеш „ин“, да ги следиш сите збиднувања и актуелности, треба да се тркаш со конкуренцијата и да најдеш свои фанови и љубители на она што со голема љубов и желба го создаваш. „Аплаузот“ на тв публиката е нашата најголема сатисфакција.




Многу ми е интересно кога ќе ме прашаат луѓето: Само тоа го работите? А притоа не се свесни дека една неделна емисија од 35 минути бара време, организација, комплетна посветеност во текот на цела недела.




Само можам да ви кажам, од моето искуство како проект менаџер на Живот со стил, сега за сега, одлично пливам. Мора да се држат конците во раце за да не се испушти кормилото, па бродот да ти замине во друг правец.

Тешко е, но упорна сум и наоѓам начин за да го остварам зацртаното. Искуството го прави своето, па реагирам на позитивните реакции на публиката, а тоа е најважната награда за мене“, изјави таа во hybrid.mk




Стилот на животот е одраз на ситуации, животно искуство, вредности, очекувања, чувства. Стилот на живот е самоизразување, ни укажува кои сме и што сакаме да бидеме, односно тоа е збир на нови норми и правила на однесување во однос на конвенционалните, следење на новите трендови и пронаоѓање на свој, единствен и препознатлив стил“, изјави Елена во истото интервју.




Таа се уште не е мажена но е среќно вљубена во Бојан Најдовски со кого се почесто објавува слики на социјалните мрежи. Еелна е тетка на две внуки кои живеат во Хрватска и за нив изјави:

Морам да се пофалам дека сум горда тетка на две прекрасни девојчиња Лара и Дора. Тие моментално се мојот свет.




Би сакала да ја искусам и другата страна од животот, секако дека би сакала да се реализирам во улога на мајка која сметам дека е најважната улога на секоја жена. Ако веќе ме прашувате си посакувам најмалку две деца, бидејќи се вистинско богатство“, рече Елена.




Tаа е сега во Хрватска со внуките и објави слика од плажа од Ријека со нив, но таму заминала со Бојан, за да го покаже на фамилијата. Водителката објави вљубена слика со својот сакан на од стровот Хвар и до неа напиша: Те сакам.

Претходна статијаПејачката Александра љубоморна на Цеца: Сакам и јас дечко како Богдан
Следна статијаКога мајка ми си заминуваше од овој свет, татко ми беше со друга жена, но кришум одеше да ја види: Славниот музичар ја раскажа тажната приказна на неговото семејство