Лазар Бараков откри кој го крепи во овој пеколен живот (ФОТО)

0

Познатиот актер Лазар Бараков неодамна раскажа дека тој постојано работи и снима, а станува зботр за она за пто е најпознат- македонските народни приказни.




Барков сподели слики кои беа објавени на Фејсбук стараната на Ѓорѓи Колозов и со тоа покажа дека е ептен професиооналец. Ни студ ни пеколни температури не го спречија нашиот Лазар да ги снима приказните со неговите верни пријатели-колегите актери.

-Владо, Шенка, Гоце, Лазар, Ели, Дубравка, Љупчо, Кирил и останатата екипа снимаат и на -22 и на +42 степени за во Септември да имате и гледате нови епизоди, ептен тазе. Традицијата продолжува“, објави Бараков.




Бараков има прекрасно петчлено семејство, заедно со неговата сопруга и трите деца. Македонка е психолог, Викторија има завршено архитектура, а Александар е се уште студент.

Македонка е психолог, Викторија е архитект, Александар е уште студент и се бара уште во животот, работи уште на себе…, вели тој.




Минатата година, тој на големо славеше, затоа што се оствари и во улогата на дедо. Тој доби внук од неговата ќерка Македонка, Стефан.

-Актерството за да го работам , не ми било како мисла, дека во животот морам да бидам само актер.




Актерството ми било врежано подсвесно уште од предшколските детски игри, кога од љубопитност кон пишаниот збор сум научил да читам уште пред да тргнам на училиште.

Сум имал достап до разна постара и нова литература и така тие типажи, ликови се врежани во мене.




Како дете сум имал желба се’ да бидам и затоа во мојот живот сум пробал секакви работи, глумата сум ја чувал во тајност , за ако не успеам за не бидам за подбив од моите.

И затоа се’чував во тајност , се додека не се појавив во еден бугарски филм како ученик во Софија. Тогаш моите беа изненадени, оти знаеја дека сум на медицина ( каде што бев само три дена).




Само татко ми беше среќен и ми пожела еден ден да го играм Сандански, негова омилена историска личност…..“, изјави тој во интервју за Магазин.мк

Тој е многу горд на своето родно село Мокрино, и во една прилика зборуваше за него во интервју за порталот струмица денес.




-Потекнувам од Мокрино и до денешен сум мокрински жител. Патував и работев по белиот свет, останував за подолг период, школување, печалбарство, ама останав пак мокрински жител…

Иако имам сопствен дом во Скопје од подолг период, со мислите и жителството сум во Мокрино… Најубавите спомени ми се од раниот детски период од Мокрино, кое по корените датира уште од Александрово време.




Тесни улички, збиени градби, моето маало во центарот живееја многудетни фамилии, од утро до мрак беше полно со детски џагор , смеење , плачење.. целоноќно кучешко лаење, ранобудно петлово пеење…

Сите мили, воспитани и од мајки родени деца од мене за секоја навечер беа задолжени да кажат по една нова приказна чуена од нивните дедовци и баби… И така јас ги запишував и меѓувремено се јави конкурс од нашиот детски весник “Наш свет” за собирање народни умотворби..




Јас ги пратив веќе соберените и добив прва награда за собирање народни умотворби …педесет книги од разни светски автори… незнам дали тогаш имаше поголема радост од тоа..“, рече Бараков за strumicadenes.mk, но зборуваше и за приказните.

-Од златната генерација од приказните јас бев најмладиот член..Работевме сите заедно на иста бранова должина. И нивниот пат беше трнлив.

Соработка тимски одлична , како Господ да правел кастинг, да остане траен печат за Македонија. Денешните млади не сакаат многу да се мачат пред камера, полесно им е со некакви клишеа лесно да минат, тоа обичниот гледач најдобро го регистрира…“, изјави Лазар.




Познато е дека тој е голем љубител на животните и по овие жешки пеко-лни температури тој изјави дека има пе-колен живот, што ги изненади обожавателите на Бараков, кој е познат како многу позитивна личност.

Тој сподели слика од свите миленици и напиша: Дел од моите верни душички , што ме крепаат во овој пеколен живот.

Претходна статијаДац и Митевски денеска слават и открија која е новната мисија
Следна статијаВесна Бејби откри: Куќата ни стана пепел додека чекавме пожарна еден ипол час