Весна Бејби откри: Куќата ни стана пепел додека чекавме пожарна еден ипол час

0

Весна Петрушевска, познатата актерка е посветена мајка на Мина и на Кирил но посветена е и на своите деца од актерската школа кои ги изучува глума.




-Одамна работам со деца со тоа што имав пауза затоа што морав да се посветам повеќе на Кирил и Мина. Ја активирав школата пред речиси четири години и сум опасно фокусирана на таа работа.

Има неколку начини да оставиш белег: на филмска лента, телевизиска архива и театарскиот аплауз.




Но, работа со деца и тинејџери е нешто кое остава неизбришлива трага, невидлива, а сепак толку моќна енергија. Треба да си предодреден да умееш да работиш со деца.

Децата се личности и препознаваат кога несебично се даваш себеси. Сакам да ме паметат нови генерации на кои Бејби реално не им значи ништо. Да, знаат нешто што ќе им раскажат родителите, но сами откриваат попатно.




Затоа се важни овие два проекта, „Дајте музика “ кој е сам по себе значаен и престижен, и „Гласна куќа” кој е првиот тинејџерски серијал на овие простори. Сите млади и мали глумци се од мојата школа. Тоа ме прави особено горда и среќна„, изјави Весн во Слободен печат.

Во интервју за Точка, таа даде изјава што е нејзината роденденска желба, но кажа и дека таа е мажена за своите деца.




-Да одам во Париз и да ја помирисам Сена, да ја почуствувам емоцијата на Бодлер, мизиката на Брел, вокалот на Далида, драматичноста на Азнавур….

Јас постојано велам дека сум мажена за своите деца. Не дека очекувам орден, напротив јас учам да бидам родител секој ден. Учам од своите деца, учат тие од мене.




Слушам многу музика, постојано читам, вистински љубител на филмови и серии, зависник на Нетфликс. Ако ме прашуваш за приватниот живот, секогаш велам дека од утре ќе се бавам со него. Бргу ми здосадуваат работите.“, изјави таа.

Весна, инспирирана од пожарите кои ја погодија Македонија, а најмногу Кочани, се сети на пожарот во кој изгоре голем дел од нејзината семејна куќа, пред неколку години.




-Призма правела истражување пред две години.Ова е суштината 20 години наназад.Кога ни изгоре куќата ги чекавме точно час и половина(се бидна пепел) оти немаа капацитет.




Сега читам дека Стојанче го спасил Кочани и не размислувал за оставка.Ајде мајката!Не ни сакате да знаете како е да вдишиш чад да не можеш излез да најдеш кога се случува пожар.

Не релативизирајте кат-астрофи и траг-едии.Уште кога ќе прочитам”изгореле неколку куќи, спасиле куќи”…Ништо не спасиле,се треба да рушат луѓето и одново да градат!




Само тие знаат како им е! Сите политички структури ама сите до една не се бавите со суштината, да не спомнувам и возила за брза помош ми се лоши(јас лично чекав 3 часа за мене и тоа приватно едвај жива глава спасив).

Па де едни де други се топорите политичари на сред трагедии.Да се немало хелихоптери и пожарни возила!!Вака ќе ни се случува и понатаму ако не си ја чукнеме главата!




Многу сум тажна и бесна.Цел свет дебатира за климатски промени ние “Е” од екологија немаме…не го занима тоа никој.Ете каде сме!До нас е!

Претходна статијаЛазар Бараков откри кој го крепи во овој пеколен живот (ФОТО)
Следна статијаИзрасна при мајка келнерка, скромно, а сега е една од најголемите ѕвезди – еве како изгледала тогаш познатата пејачка (ФОТО)