Ване Цветанов и Дунавка Трифуновска изминатава година беа еден од најромантичните парови од јавниот живот.
Но, пред месец и кусур, Ване Цветанов на социјалните мрежи ја сподели веста дека романсата со неговата партнерка Дунавка Трифуновска завршила:
„Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна.
Дунавка е прекрасна личност, искрено и ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света.
Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај.
За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш… Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена,
а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца.
Здравје од Бога, во септември се гледаме со огромни институционални успеси“, напиша Цветанов на социјалните мрежи.
По статусот на Ване, на Фејсбук се огласи Дунафка која напиша:
„Иако Фејсбук за мене не е медиум како и злоупот-ребата на моето име на истиот во определени статуси со цел да бидат сензационалистицки е одобрен, моите одлуки се истите што сум ги донела во јуни минатата година.
Истата сум и јас. Мојата одлука дека минатото не треба да ,,пушта ларви,, во сегашноста ,а ни малку да биде ,,едно,, со иднината, кога ќе биде испочитуван ,тогаш може да гледаме други епизоди.
До тогаш ,господинот треба да се посвети на своите обврски ,своите функции и своите деца. Дали тоа ќе го направиме во локален, европски стил или погубно во идејата ,,како мама каже…,, е личен избор.
Иако носител на јавна функција во овие времиња треба да умее да ја постави своите држаавнички интереси пред личните. Тоа е мојот став и денес и вчера и пред една година.
Тоа е мој став и во понеделникот кога се видовме пред сведоци на тајна закажана средба од негова страна на која не бев информирана дека ќе биде присутен! Јас тајни немам. Чувам туѓи тајни, тоа го правам маестрално. Некогаш треба да умееш сам да ги надминеш облаците ,за да го имас сонцето.“
Но пред неколку денови, Дунавка објави прекрасна езерска фотографија, на која беше тагиран Ване. Многумина се запрашаа дали врската е повторно обновена.
Потоа Дунавка објави уште една фотографија и конечно пред десетина дена, Ване, во статус на својот профил на социјалните мрежи, ги разреши сите дилеми: „Убавата приказна продолжува“!
„После добар слалом, демаскирани се сите оние кои што не можеа да не победат на професионален план, па се обидоа да не нападнат на приватен план. Убавата приказна продолжува…“
Кризи доѓивуваат речиси сите врски, но нешто најпрекрасно е кога недоразбирањата ќе се надминат и љубовта ќе продолжи. Галама на Ване и Дунавка им посакува многу среќа, здравје и умешност да се носат со животните и љубовните предизвици!
Денес пак, Ване на ептен романтичен начин и честиташе годишнина на Дунавка:
„Една година од објавувањето на нашата прва фотографија.
Искрено му Благодарам на Бог што те испрати, за заедно да чекориме во добро И во зло.
Ти преку ДЕЛА ми покажа дека со чиста љубов и силна Вера во Бог, се возможни И најубавите нешта…
Го молам Бог да не благосливи со уште многу вакви моменти… Среќна годишнина љубов, Дунавка Трифуновска.