Сузана Спасовска е една од најпознатите дами на нашата фолк сцена, пејачката која со ист квалитет ја пее македонската народна песна како и модерните фолк композиции.
Сузана во едно интервју за Панацеа.мк зборуваше што е она на што не може да оддолее. „Да, постои таква намирница, а тоа е чоколадото. Знам да изедам цело чоколадо додека да трепнам.
Но, затоа се трудам поретко да го купувам за да немам при рака, а желбата за благо се трудам да ја згаснам со малку алва или мармалад од шипка“, рече Сузана тогаш.
Сузана која го изучуваше кинескиот јазик рече дека ритуал кој го користи а е од Кинезите е пиењето чај, а гласните жици ги чува токму со пиење чај. Таа на Фејсбук неодамна со емитивни зборови се прости од композиторот Тодор Трајчевски кој ѝ беше голем пријател и соработник.
-Тешко е…тажно е… Драг Тошка, од самиот почеток на мојата кариера ме воздигна со хитовите кои вечно ќе траат…Кога љуби мома млада, Робинка, Плати ми, вонвременската “Ти верував до крај” и многу други…
Тошка нели ќе создававме уште музика и проекти, нели имаше нешто специјално за мене???
Ах, драг мој соработнику, композитор и инструменталист на векот, врвен аранжер, пријателе мој, на секое видување пиеше по една голтка од мојот пијалок и велеше дека тоа ми го правиш само мене, за да се пошегуваме и да се насмееме, а јас понекогаш ти се лутев за тоа.
Тошка, кафето и договорите за нови проекти, ете, Бог сакал да останат за некој друг живот.Ти благодарам што имав бескрајно почитување, што чувствував дека сум посебна за тебе во музичката дејност, што од самиот почеток на мојот пат во музиката ми даде сила и поткрепа за следни чекори во кариерата.
Драг и почитуван Тошка, почивај во мир, Бог нека ти ги отвори рајските порти, зошто ти беше ангел на земјата што јас успеав да го препознаам. За последен поздрав, еве ја нашата “Ти верував до крај”. Слава ти!“
Најсреќниот момент, Сузана го доживеа кога ја омажи ќерката Теона, во октомври во 2019. Таа своето срце му го даде на Виктор Велковски.
Во октомври минатата година, Сузе национале стана баба, таа го доби своето прво внуче од ќерка си Теона.
Среќната баба на својот фејсбук профил ја објави нејзината песна „Среќо мајкина“ и со песна ја сподели радосната вест и напиша: „Дар Божји за родителите и радост голема!
Фолк-пејачката Сузана Спасовска во интервју за емисијата „Живот со стил“ , јавно прозборе за ќерка си Теона и нејзиниот татко. Таа раскажа дека Теона е вонбрачно дете и дека го нема видено татко ѝ од бебе.
И покрај сите препраки кои животот ѝ ги донесе, таа храбро оди напред кон нови предизвици. Сузана е дел од концертите на ансамблот Танец кои се одржуваат низ Македонија.
Сузе објави слики на кои се гледа дека е тип-топ дтерана и изглеса одлично пред нејзините настапи со Танец и напиша на Фејсбук: ***ТАНЕЦ*** Работно во јуни и јули, 2021 година. Народот ужива со македонската песна и оро.