Ребека откако беше на протест пред Владата, бара поддршка за повеќе права

0

Пејачката ребека Јанковска- Ристески е мајка на три сина, сооруга на д-р Милан Ристески и голем борец и активист на лицата со попре-ченост.




Таа е претседател на здружението Дајте ни крилја, а од неодамна основаше и коалиција која е наречена МЕНУВАМЕ, за правата на овие лица.

Ребека неодамна со претставници на повеќе здруженија беше на протест пред Владата, но сепак таа на фесјбук објави отворено писмо до сите граѓани во кое побара поддршка:




Ви се обраќам пред,се како мајка,а потоа како активист и борец за правата на лицата со попре-ченост. Деновиве неколку претставници на здруженија, родители, лица со попреченост под името Коалиција Менуваме се здруживме и излеговме на протест.




Имаме многу барања кои по кој знае кој пат ги доставивме до Влада На РС Македонија, политичари и пратеници. Се сретнавме со владини представници и со Министерката при МТСП Шехпаска.




Од страна на владините претставници беше побарано да издвоиме неколку приоритетни барања (иако сите се со години приоритетни за нас) и да почекаме 7 работни дена за одговор дали нашите барања ќе бидат прифатени. Потребна ни е подршка од сите граѓани.




Потребни сте ни вие,спортистите,гордоста наша Македонска во целата оваа долгогодишна и макотрпна борба за остварување на правата на лицата со попре-ченост.

Потребни се поддршката ваша и поддршката на Светските спортски имиња заради подигнување на свесноста.




Сакаме целиот свет да знае дека ние сме обесправени и дека Конвенцијата за правата на лицата со попр-еченост во нашата земја не се почитува иако е ратификувана и потпишана.




Затоа ве молиме нашите транспаренти ЗА ПОВЕЌЕ ПРАВА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПР-ЕЧЕНОСТ!!! ВЕ МОЛИ МАКЕДОНИЈА Да ги испринтате на А4 формат или со маркер на Македонски јазик или Англиски јазик и да се фотографирате со нив и споделите со Вашите колеги,спортисти од регионот и целиот Свет.




Фотографиите да ги споделите, објавите и на тој начин да покажете дека и вие сте со нас и не поддржувате.

Се надеваме дека ќе сакате да ни излезете во пресрет и да не поддржите! Заедно сме посилни! Ви благодариме многу и чекаме што поскоро да ни одговорите.




Со почит и љубов, Ребека Јанковска Ристески. КОАЛИЦИЈА МЕНУВАМЕ“, напиша Ребека.

Претходна статијаЛамбе објави емотивно фото со сопругата: Кога бевме млади и убави (ФОТО)
Следна статијаКарлеуша и ќерките едвај се спасија во Турција, Драгана Мирковиќ реагираше (ФОТО)